И мажите и жените имаат „копче за оргазам“ – знаете ли каде се наоѓа? (18+)
Доколку силно притиснете на ова копче околу 2 или 3 минути тоа ќе ѝ помогне на крвта да циркулира до половите органи и ќе ви помогне да имате незаборавен оргазам. Знаете ли каде се наоѓа магичното „копче за оргазам“?
Според традиционалната кинеска медицина мажите и жените имаат „копче за оргазам“ што воопшто не е поврзано со клиторисот, ниту пак со Г-точката. Знаете ли каде се наоѓа?
Магичното дејство на ова копче не се поврзува ниту со стимулација на половите органи, ниту пак со самиот секс како чин, туку е поврзано со комплексноста на човечкото тело како систем.
Во голем број модерни текстови се нарекува „копче за оргазам“, а според традиционалната кинеска медицина и според познавачите на акупресурата оваа точка се нарекува „Море од Енергија“
За оние што не знаат, акупресурата, претставува алтернативна медицинска техника според која притисокот врз одделни точки на телото може да помогне при лекување на одредени симптоми.
Оваа точка се наоѓа околу три прста (во рамна линија) под папокот.
Силното притискање на оваа точка со вашите прсти околу две до три минути и фокусирањето на дишењето може да ви помогне да се ослободите од енергетската блокада која е последица на насобраниот стрес или траума.
Со отстранувањето на блокадата, крвта почнува да циркулира до половите органи и на тој начин ќе ви помогне да доживеете неповторлив оргазам. И да, ова може да им помогне и на мажите и на жените.
Единствената лоша страна на ова „копче“ е во тоа што служи и како „копче што може да ви помогне за полесно ослободување од непотребните материи“, па доколку сакате да пробате дали навистина има вистина во оваа теорија, најдобро е тоа да го направите откако претходно сте биле во тоалет.
За да немате потреба да го прекинувате интимниот чин затоа што итно морате во тоалет.
Б. С. Б. | Црнобело