„Го најдов сопругот на другарка ми на Тиндер, дали да ѝ кажам дека ја изневерува?“
„Од една страна сакам да ѝ кажам, но не сакам да ѝ го растурам семејството и никако не сакам да направам тие да се разведат заради мене. Што да правам?“ – прашува оваа девојка откако забележала дека сопругот на нејзината најдобра другарка е на Тиндер.
Апликацијата Тиндер во последно време масовно почнува да се користи кај младите луѓе и во Македонија, а ова е приказна за една жена која се соочила со вистинска дилема откако забележала дека сопругот на нејзината другарка бара придружба онлајн.
Нејзиното писмо е објавено на веб страна за љубовни совети во Канада, а девојката бара предлог како да постапи во ситуацијата.
Што би направиле вие, кому би кажале прво – на другарката или на нејзиниот сопруг? Или ќе молчите?
Проследете го писмото во целост:
„Јас сум сингл и користам повеќе веб страни и апликации за состанување со цел да ја најдам вистинската љубов.
Една од нив е и Тиндер и минатата недела додека пребарував го забележав сопругот на мојата другарка. Тој користи друго име, но сигурна сум дека е тој. Во моментов полудувам затоа што не знам што да правам.
Тие имаат 3 прекрасни деца заедно, во брак се 8 години и освен што понекогаш имаат кавги и несогласувања како сите останати парови, во суштина се супер.
Никогаш не ми се доверила дека имаат отворен брак, а ние сме најдобри другарки, па ако имаше такво нешто верувам дека ќе ми кажеше.
Верувам дека таа не знае дека тој бара девојки на Тиндер и ако дознае мислам дека ќе полуди.
Не знам што да правам. Од една страна сакам да ѝ кажам, но не сакам да ѝ го растурам семејството и никако не сакам да направам тие да се разведат заради мене.
Што да правам? Дали да ѝ кажам нејзе или да се обидам прво да разговарам со него? Можеби е најдобро да не кажам ништо?“
Според советникот за врски на веб страната, Шантал, ова е мошне сложена ситуација и вели дека воопшто не е едноставно да се даде точен одговор.
„Како социолог кој го проучува однесувањето на луѓето сметам дека ги разбирам причините заради кои мажите најчесто изневеруваат. Во основа ние не сме моногамни суштества по природа, па заради тоа на околу секои 7 години секој од нас чувствува потреба да побара друг сексуален партнер“ – вели таа.
Според Шантал, оваа девојка треба да ѝ каже на својата другарка затоа што воопшто не се важни неговите причини, туку важно е дека се однесува недоговорно.
„Во секој миг таа може да дознае што прави тој и на нивното семејство ќе му се случи сето она од што ти се плашиш“ – вели таа.
Според Шантал, тоа што ќе му каже прво нему, а не на другарката, може да биде контрапродуктивно, затоа што тој можеби нема да ја сфати сериозно, а ако другарката дознае дека таа прво разговарала со него, тогаш ќе ја загуби и другарката.
Што би направиле вие ако се најдете во ваква ситуација?
Б. С. Б. | Црнобело
фото: depositphotos.com