„Мојот партнер очекува јас да правам сè за него, како да сум му слугинка - не можам повеќе“

„Секое негово оправдување е: ‘Тоа е женска работа’. Постојано јас купувам работи за во домаќинството, а тој ми вели дека жената треба да се грижи за мажот во секој поглед.“

mojot-partner-ochekuvam-jas-da-pravam-se-za-nego-kako-da-sum-mu-sluginka-shto-da-pravam-01.jpg

32-годишна жена се исповеда за својот проблем со партнерот за магазинот TheSun.

Таа ја опишува ситуацијата:

„Имам голем проблем со мојот партнер.

Вели дека јас треба да плаќам за вечерите и за излегувањата затоа што сум заработувала повеќе од него. Но, не е само за парите, навистина ми оди на нерви.

Очекува јас да готвам и чистам и ме третира како слугинка.

Секое негово оправдување е: „Тоа е женска работа“.

Постојано јас купувам работи за во домаќинството, а тој ми вели дека така треба да биде и дека жената треба да се грижи за мажот во секој поглед.“

Одговорот од експертот за врски на TheSun, гласи:

„Да, твојот партнер навистина не знае што значи рамноправна врска. Можеби дома имал таков лош пример од родителите.

Но, тоа не е твој проблем. Ако тоа не е тоа што го сакаш за себе, време е за крај на врската.

Ти самата го нарекуваш ужасен, па треба да се освестиш и да сфатиш дека оваа врска нема иднина, освен да се измачуваш со него до крајот на животот.

Тој нема да се промени.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg