4 типа расправии со кои (несвесно) го туркате партнерот да ве изневери

Забелешките за изгледот, постојаното заканување дека ќе го напуштите и обвинувањата за неверство може да бидат катализатори за неверство според психологот Дејвид Бенет, ако вашиот партнер веќе размислувал да ве изневери.

psiholog-otkriva-4-raspravii-so-koi-nesvesno-go-turkate-partnerot-da-ve-izneveri-01.jpg

Неверството е секогаш избор на личноста што изневерува, но психологот Дејвид Бенет вели дека постојат повеќе разговори и расправии што може да бидат катализатори, односно да го наведат партнерот да има врска со трета личност.

„Некои луѓе можеби веќе размислуваат за неверство, а односот на нивниот партнер само може да ги охрабри да го направат тоа“ – вели тој за Bustle.

Според него постојат партнери што и покрај сѐ може да останат верни во врската, но некои расправии дополнително само го туркаат да почне врска со друга личност.

Според Бенет, постојат осум главни типа на расправии заради кои партнерот може да почне да изневерува. Кои се тие?

Постојани коментари поврзани со изгледот на партнерот

Ако партнерот чувствува дека не го цените доволно или ако постојано коментирате за неговиот изглед, тој многу веројатно ќе се обиде да најде позитивно признание на друго место.

Според Бенет, типичен пример за ова е постојаното споредување на партнерот со некој што ви се допаѓа и ако постојано му нагласувате каде се неговите недостатоци. Во таков случај партнерот изневерува само да за (си) докаже дека сѐ уште е привлечен.

Постојано се заканувате со крај

Познавате некои парови што во еден миг се заедно, а веќе во следниот се разделуваат? Други пак, во кавгите постојано користат закани за крај на врската и за партнерот што веќе размислува за неверство овие расправии се опасни.

„Партнерот притоа не ја гледа повеќе смислата на тоа да остане лојален и верен. За нив станува примамливо тоа да му дадат шанса на некој друг“ – вели Бенет.

Ја искористувате неговата несигурност против него

Свесни сте дека вашиот партнер има работи за кои не сака да говори, а секојпат кога се расправате токму тие „недостатоци“ му ги посочувате и ја користите неговата несигурност за да добиете поени во расправијата.

„Таквите ниски удари може да покажат дека немате почит кон него и заради тоа тој може да почне да размислува дека би му било подобро да започне врска со некој друг“ – вели Бенет.

Постојано го обвинувате за неверство

Љубомората и постојаното обвинување на партнерот за неверство воопшто не се здрави за една врска.

„Кога постојано го обвинувате партнерот за неверство, тој може да одлучи дека кога веќе постојано го обвинувате како да направил нешто лошо, тогаш може и да го направи тоа“ – пишува психологот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg