Пет навики на мажите со кои ненамерно ја уништуваат довербата во врската

За секој телефонски разговор заминува во другата соба, не признава кога згрешил, не прифаќа компромис - за некои мажи овие навики се сосема нормални, а не се свесни дека со нив ја уништуваат довербата кај партнерката.

pet-naviki-na-mazhite-so-koi-nenamerno-ja-unishtuvaat-doverbata-vo-vrskata-01.jpg

Психологот Џејн Грир е автор на книгата How Could You Do This To Me, а според неа постојат неколку машки навики, со кои припадниците на посилниот пол несвесно ја нарушуваат довербата во врската и во бракот.

Навики на мажите со кои ненамерно ја уништуваат довербата во врската:

Никогаш не е подготвен на компромис

Речиси не е возможно да се изгради врска заснована на доверба со партнерот што верува дека само тој знае што е најдобро и кој никогаш не е подготвен да направи компромис.

„За една врска да биде успешна потребно е да научите што треба да направите за партнерот да биде среќен. Ако некој не е подготвен да прифати компромис, тоа значи дека е себичен и незрел.

Кога некој не сака да направи компромис тоа значи дека сака сѐ да биде по негово и воопшто не е заинтересиран за тоа како се чувствува партнерката“ – вели таа.

pet-naviki-na-mazhite-so-koi-nenamerno-ja-unishtuvaat-doverbata-vo-vrskata-02.jpg

Никогаш не е тука кога ви треба

Ви ветува дека ќе дојде со вас на важен настан, но ви откажува во последна минута. Не е тука ниту кога ви треба помош за да го однесете миленикот на ветеринар.

„Со тоа што никогаш не ги исполнува ветувањата, ви става до знаење дека не можете да се потпрете на него, а со тоа и ви ја нарушува довербата.

Кога му верувате некому, тоа значи дека тој ќе биде постојано достапен за сите ваши потреби и никогаш нема да ве остави на цедило“ – пишува таа.

pet-naviki-na-mazhite-so-koi-nenamerno-ja-unishtuvaat-doverbata-vo-vrskata-03.jpg

Никогаш не признава дека е виновен

Од него нема да ги слушнете зборовите „Извини“ или „Признавам, во право беше“...

Никогаш нема да признае дека згрешил и заборавил да купи некоја ситница или дека направил некоја грешка.

Тоа што не сака да преземе одговорност за ниту еден проблем, според психологот е фактор што придонесува, партнерката да загуби доверба во него.

pet-naviki-na-mazhite-so-koi-nenamerno-ja-unishtuvaat-doverbata-vo-vrskata-04.jpg

Ако треба да прати порака или да се јави на телефон се крие во другата соба

Кога партнерот се крие за да испрати порака или за да разговара на телефон во другата соба, кај партнерките нормално се јавува сомнеж зошто тој би го правел тоа.

Иако ви се чини дека е неважно, токму тие ситници го нарушуваат односот и прават партнерката да ја загуби довербата.

pet-naviki-na-mazhite-so-koi-nenamerno-ja-unishtuvaat-doverbata-vo-vrskata-05.jpg

Сите приказни му се полни со нелогични детали

Велат дека кога некој лаже треба постојано да внимава на сите детали. Тој прво ви вели дека минатиот викенд бил со пријателите, а потоа вели дека бил кај сестра му.

Таквите нелогичности во неговите приказни создаваат сомнеж, заради кои треба да му се спротивставите и да му побарате да ви каже каде бил.

Не мора да го нападнете, но ако и по културното барање за појаснување, забележите дека ве лаже и избегнува да признае, тоа е прв знак дека сте со личност што не е целосно искрена со вас.

pet-naviki-na-mazhite-so-koi-nenamerno-ja-unishtuvaat-doverbata-vo-vrskata-06.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com/ freepik.com

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg