„Најдете некој кој со вас ќе ужива на зајдисонце со ладно пиво“ - Животни совети од парови кои се во брак повеќе од 20 години
Сте се запрашале ли: Зошто е многу полесно да се фокусираме на несовршеностите на сопружникот наместо на неговите добри страни?!
Годините сами по себе носат искуство, така што понекогаш е добро да ги слушаме постарите, помудрите и поискусни од нас самите. Кога станува збор за љубовта, не е лошо да ги послушате советите на оние кои со години се во среќни и стабилни врски.
Ако сте на почеток на врска или брак, ако сте загрижени за одредени работи, ако не знаете дали правите сѐ како што треба, можеби советите на оние кои биле во среќни бракови кои траеле 20 години или повеќе, ќе ви бидат од помош.
Сајтот brides.com крена голема „прашина“ интервјуирајќи долговечни парови кои ги споделуваат своите тајни за успешен брак.
Во продолжение издвоивме неколку од нив:
Чувајте го мирот
Пар: Дона Сегал и Бeрт Подбере, Лос Алтос, Калифорнија
Во брак: 25 години
Совет на Берт:
„Обидете се да не се карате како средношколци, да се расправате за исти работи одново и одново, или да изнесувате минати прашања во секоја наредна кавга. Ако имате деца, сигурно сакате да дадете добар пример за тоа како би сакале тие да постапуваат во нивните идни односи. Заедно учете дека ако покажете љубов и наклонетост, тоа ќе го добиете за возврат“.
Совет на Дона:
Никогаш не бидете ‘памтило‘ – особено за ситни за работи како: „Ја испразнив машината за миење садови последните трипати или ги сменив последните шест пелени“. Затоа што животот никогаш не е фер и ако секогаш сметате да бидете ‘рамномерни‘, никогаш нема да бидете среќни. Луѓето имаат различни задачи во бракот - можеби го избришав подот и измив повеќе садови, но мојот сопружник заврши многу други задолженија“.
Продолжете да „растете“ заедно
Пар: Ејми Пенфил Волф и Џефри Волф, Червил, Пенсилванија
Во брак: 26 години
Совет на Ејми:
„Очекувајте и прифатете ја промената. Никој не сака да стагнира дваесет и пет години, ниту треба. Можеби понекогаш се чувствувате како да сте со некој различен од оној со кој се омаживте одамна. Но, ако основните вредности, етиката и моралот се основата на карактерот на една личност, растот може да го зголеми брачното задоволство наместо да го одземе од него“.
Совет на Џефри:
„Вие и вашиот партнер треба да споделувате многу работи, но важно е да ја задржите својата независност и да не се губите еден во друг. Не мора секое хоби или пријател да ви бидат заемни. Всушност, бракот останува свеж кога партнерите имаат посебни интереси и врски“.
Останете флексибилни
Пар: Мишел и Мајкл Ванлохем, Лос Анџелес
Во брак: 38 години
Совет на Мишел:
„Запомнете, никогаш не сте премногу стари за да ги менувате ‘улогите‘ во бракот - ако ги промените, ќе имате нов прозорец во животот на вашиот партнер“.
Совет на Мајкл:
„Секогаш слушајте што е важно за вашиот сопружник и ако не се согласувате, секогаш обидувајте се да правите компромиси“.
Искажувајте ја вашата љубов
Пар: Пол и Дајан Доерти, Веро, Флорида
Во брак: 53 години
Совет на Пол:
„Важно е редовно да правите мали работи за да ја покажувате својата љубов. Затоа секое утро ѝ го подготвувам омиленото кафе на жена ми. Тоа ја одржува среќна“.
Совет на Дајан:
„Секогаш сме планирале состаноци еднаш неделно. Дури и кога нашите деца беа мали, имавме приоритет да одвојуваме време како двојка. Си доаѓавме дома доволно доцна за да се увериме дека децата спијат, па не моравме да се враќаме во режимот на мама и тато“.
Не натпреварувајте се
Пар: Гвидо и Регина Бусинели, Риџвуд, Њу Џерси
Во брак: 27 години
Совет на Реџина:
„Не одржувајте резултати и не оценувајте кој прави повеќе. Добриот партнер знае кога да се вклучи, кога да преземе и кога да ве охрабри да продолжите да се движите напред. Се сеќавам дека во различни фази од нашите животи бев многу свесна за фактот дека правев повеќе со децата.
Можеше лесно да се спомене кој мораше да остане дома од работа со болно дете, кој мораше да станува со бебиња кои плачат или кој мораше да најде грижа за децата за да можеме да излеземе на викенд, но тоа не го споменав ниту еднаш“.
Совет на Гвидо:
„Ова можеби звучи едноставно, но се покажа во пракса одлично: Секогаш користете убави зборови и никогаш не земајте ги ‘здраво за готово‘ оние што ги кажувате во моментите на кавга“.
Смејте се бескрајно
Пар: Шарлот и Даниел Њутн, Сими Вали, Калифорнија
Во брак: 31 година
Совет на Шарлот:
„Секогаш сетете се што ве привлекуваше кај вашиот сопружник на прво место, што во случајот на мојот сопруг беше неговата смисла за хумор кога првпат се сретнавме како соработници во болница. Можеби глумев дека сум навредена од неговите лудории пред да се состануваме, но тој на крајот ме освои со својот хумор и љубезното срце“.
Совет на Даниел:
„Одржувајте постојан прилив на нови шеги за да го забавувате вашиот партнер. Смеата и љубовта се најдобри другари“.
Поддржувајте ги меѓусебните интереси
Пар: Ејми и Хари Бурк, Олд Форџ, Њујорк
Во брак: 26 години
Совет на Ејми:
„Да се има одвоени интереси е клучно за среќен брак. Хари е спортист кој сака да се натпреварува. Така ја испушта негативната енергија и се опушта. Го охрабрувам да вежба, да се подобри и да ужива кога може.
Јас ја сакам музиката. Пеам во бенд и често пред настап имам бескрајни практични ритуали. Понекогаш целиот бенд се поставува во мојата куќа и останува до полноќ на проба. Хари никогаш не се жали, напротив, тој е задоволен што ме гледа како правам нешто што ме прави среќна“.
Совет на Хари:
„Мојата тајна за среќен брак беше да најдам некој кој може да ужива во наједноставните работи во животот со мене, како зајдисонце и ладно пиво“.
Мила М. | Црнобело / фото: depositphotos.com