Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Психолог советува: Сигнали кои покажуваат дека односот со партнерот не ви е добар

Нема искрен и спонтан однос. Иако сте долго време заедно, чувствувате грч, страв и непријатност. Не ги почитува договорите со вас, лесно ги откажува и не го почитува вашето време.

psiholog-sovetuva-psiholog-sovetuva-signali-koi-pokazhuvaat-deka-odnosot-so-partnerot-ne-vi-e-dobar-01.jpg

Јелена Пејовиќ е психолог од Херцег Нови, Црна Гора и на Инстаграм профилот „Питај психолога“ (Прашај психолог) постојано споделува совети со кои сака да им помогне на луѓето.

Една од последните објави на Јелена е посветена на тоа како да познаете дека односот со партнерот не ви е добар.

Нејзината објава гласи:

Ова е тема која е најзастапена во вашите пораки до мене, па се потрудив да направам кратко упатство. Се разбира, ова никого не осудува, само ви посочува на тоа дека другата страна не е како вас. Мора да се преиспитате, да поставите граници и да поработите на односот.

Не мора да се разделите, но мора да го поправите токсичниот однос.

Целта е да бидете во здрав однос, без злоставување и запоставување на потребите.

Сигнали дека односот со партнерот не ви е добар:

Нема искрен и спонтан однос. Иако сте долго време заедно, чувствувате грч, страв и непријатност.

Не е точно одредено каков е вашиот однос – дали тоа е врска или само „пријателство со привилегии“ итн.

Не ги почитува договорите со вас, лесно ги откажува и не го почитува вашето време.

Не се труди и нема иницијатива, се чувствувате само како вие да ги влечете конците и потоа вели дека барате премногу.

Смета дека едно „извини“ е доволно, без да се потруди на дело да се извини. На секоја ваша замерка ве осудува дека сте напорни.

Нема заеднички планови со вас, сè е спонтано, а всушност вие сте му опција за кога ќе му пропаднат другите планови.

Не ги памети работите во вашата врска (родендени, годишнини), ниту пак разговорите и вашите омилени работи.

Додека сте заедно повеќе разговара на телефон, отколку што разговара со вас.

За сè ве уценува, ви префрла и ве казнува со рамнодушност.

Разговор за проблемите не постои, веднаш прави хаос за да го избегне разговарањето.

Кога има проблеми и му треба услуга станува најгрижлив на свет.

Го иритирате што и да направите, само се жали, се лути и глуми жртва.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg