Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За љубовите на кои не им е судено да траат...

za-ljubovite-na-koi-ne-im-e-sudeno-da-traat-01.jpg

Мислам дека постојат љубови на кои не им е судено да траат, тие цветаат и овенуваат.

Убави се и деструктивни во исто време, те прават среќна и тажна едновремено, има и болка и задоволство, комплексни се и те измачуваат.

Мислам дека имам сакано така. Како некоја луда треска што те зафаќа ненадејно и те плаши дури на моменти.

Уживаш во нечија прегратка, но свесна си дека е неоопходно да избегаш, но не успеваш.

Ти се допаѓа нечиј мирис и допир на кожата, но те боли третманот кој го добиваш за возврат.

Сакаш некого премногу, но сигурна си дека мора да ставиш крај што поскоро.

Гориш и си ветуваш дека нема повторно, но повторно ѝ се враќаш на таа љубов.

Таа те трансформира, растргнува и те гради одново атом по атом.

Не се препознаваш. Но, сакаш толку многу што забораваш дека си штетиш на самата себе.

Доцна во ноќите сонуваш за заедничка иднина, па се штипнуваш затоа што знаеш дека таа никогаш нема да дојде.

Ти се превртува во утробата, не си сигурна дали некогаш ќе можеш повторно така да сакаш некого.

Не можеш да го погледнеш во очи, без да ти се распарчи душата.

Ги правиш истите грешки одново и одново, сите викаат дека си „глупава“, ти се правдаш дека е судбина.

Мислам дека и ти знаеш дека постојано љубови на кои не им е судено.

Таква беше и твојата, и убава беше и ќе ја паметиш, но кога ќе созрееш доволно ќе сфатиш дека навистина не требала да трае. За твое добро.

Извор: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 знаци дека сте направиле грешка со вселувањето со партнерот (и не сте компатибилни за брак) Партнерот не ја почитува вашата приватност и воопшто не се ангажира околу домашн...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg