Како да постигнете оргазам преку стимулација на брадавиците? Да, функционира и кај мажите! (18+)
Луѓето различно го доживуваат оргазмот. Оргазмот е интензивно задоволство од сексуалната стимулација која вклучува ослободување на хормони кои предизвикуваат убави чувства.
Додека оргазмот обично произлегува од стимулирање на гениталиите, тој може да се случи и преку стимулирање на други делови од телото.
Кога едно лице може да ја доживее оваа сензација преку стимулација на брадавиците, тоа е познато како оргазам на брадавиците или градите.
Некои луѓе велат дека оргазмот на брадавиците се постигнува побавно, а потоа создава ненадеен бран на сензација низ телото.
Дали секој може да постигне оргазам преку стимулација на брадавиците?
Во теорија, да! Но, може да бидат потребни неколку обиди додека не откриете што функционира за вас или дека играта со брадавици можеби воопшто не е за вас.
Единствениот начин да се знае е да се проба! И, кој знае? Можеби ќе се забавувате многу.
Како да го започнете?
Не брзајте
Додека го постигнете оргазмот на брадавиците, тоа може да потрае долго, особено на почетокот. Одвојте доволно време за да ја истражите сензацијата и да идентификувате што е пријатно за вас (или вашиот партнер).
Комуницирајте
Како и со секој друг сексуален чин, комуникацијата е клучна. Дозволете му на партнерот да знае дали сакате штипкање или употреба на играчки. Одржувањето на комуникацијата може да помогне да се осигураме дека сите уживаат во искуството.
Бидете расположени за тој чин
Со или без партнер, размислете за предиграта, осветлувањето, музиката и други работи кои можат да ви помогнат да се расположите и опуштите.
Стимулирајте повеќе делови од телото
Додека ги стимулирате брадавиците, обидете се да ги допирате другите ерогени зони, вклучително и гениталиите. Фокусирањето на повеќе области може да ѝ помогне на личноста да постигне оргазам или да го направи искуството уште помоќно.
Како да користите играчки?
Играчките и другите помагала и додатоци може да помогнат да се додаде друга димензија на сексуалното искуство.
На пример, некои масажи и масла за тело можат да ја подобрат чувствителноста на брадавиците, па триењето со овие масла може да создаде прекрасно чувство. Некои луѓе уживаат и кога на целото искуство му се додадат коцки мраз.
Можете да ги стимулирате брадавиците и да продолжите со масажа на градите, а истотото можете да го направите со вибратор што е пријатен додаток или алтернатива.
Друга играчка со која ќе уживате се стегите/штипалките. Стегите, без разлика дали вибрираат или не, можат да предизвикаат незаборавно чувтсво на возбуда. Можете слободно да ги носите за малку забава или да ги затегнете за да извршите поголем притисок и да ја засилите возбудата.
М. Г. | Црнобело