7 знаци дека вселувањето со партнерот нема да биде грешка

Ги почитувате вашите потреби, секогаш сте подготвени на компромис и, најважно, вистински му верувате на партнерот.

7-znaci-deka-vseluvanjeto-so-partnerot-nema-da-bide-greshka-01.jpg

Вселувањето со партнерот е голем чекор за секоја врска, но колку и да сте среќни со него, нормално е да чувствувате доза страв.

Кога ќе почнете да живеете заедно, можат да се променат многу работи – ќе научите многу нови нешта за партнерот, ќе станете свесни за неговите (лоши) навики и ќе почнете да минувате многу повеќе време заедно.

Ако сте во ваква ситуација, важно е да знаете дека постојат некои знаци кои покажуваат дека вселувањето со партнерот нема да биде грешка.

Треба само да обрнете внимание на некои ситници во вашиот однос, па лесно ќе утврдите дали вселувањето заедно е вистинската одлука.

За кои знаци станува збор?

И двајцата вложувате во врската

Ако ви се чини дека вие вложувате многу повеќе во врската од партнерот, можеби не е најдобра идеја да се вселите заедно.

Од друга страна, ако забележувате дека и вие и партнерот сте исто посветени и заедно се обидувате да ја направите врската подобра, тогаш сигурно нема да погрешите ако почнете да живеете заедно.

7-znaci-deka-vseluvanjeto-so-partnerot-nema-da-bide-greshka-04.jpg

И двајцата се согласувате на компромис

Вие и партнерот имате разни потреби кои ќе дојдат до израз кога ќе почнете да живеете заедно. Поради ова, компромисот е особено важен за хармоничен живот.

Ако со партнерот сте подготвени да жртвувате нешто еден за друг, ако можете да се согласите на компромис, тогаш заедничкиот живот ќе биде хармоничен.

Ги знаете вашите слабости и ги прифаќате

Кога ќе се вселите со партнерот, ќе почнете да учите многу нешта еден за друг. Но, ако досега сте биле искрени, ако сте ги споделувале вашите слабости, овие нови нешта нема претставуваат шок за ниту еден од вас.

Истовремено, ако и двајцата ги знаете вашите слабости и ги прифаќате, ќе сакате да си помагате еден со друг и заедничкиот живот ќе биде навистина убав.

7-znaci-deka-vseluvanjeto-so-partnerot-nema-da-bide-greshka-07.jpg

Можете да замислите иднина со партнерот

Штом сте сигурни дека вашата врска е стабилна и штом можете да замислите иднина со партнерот, тогаш вселувањето заедно е одличен чекор напред.

7-znaci-deka-vseluvanjeto-so-partnerot-nema-da-bide-greshka-03.jpg

Ги почитувате вашите потреби

Од голема важност е и вие и партнерот да ги почитувате вашите потреби. Важно е да си го давате потребниот простор и ова не биде причина за конфликт помеѓу вас.

Ако сметате дека помеѓу вас постои ваква почит, нема да погрешите ако се вселите заедно.

Разговарате за проблемите

Без разлика дали станува збор за проблеми со семејството, проблеми на работа или проблеми во вашата врска, ако сте отворени со партнерот и знаете дека можете да разговарате со него, тоа е одличен знак.

Важно е партнерите да си ја дават потребната поддршка и заедно да наоѓаат решенија за разните проблеми.

7-znaci-deka-vseluvanjeto-so-partnerot-nema-da-bide-greshka-06.jpg

Вистински му верувате на партнерот

Довербата е како столб на секоја врска и е едно од најважните нешта во односот помеѓу партнерите.

Ако целосно му верувате на партнерот, ако сте сигурни дека нема да ве повреди и ако можете да му ги доверите вашите најдлабоки тајни, тогаш дефинитивно нема да погрешите ако се вселите заедно.

7-znaci-deka-vseluvanjeto-so-partnerot-nema-da-bide-greshka-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg