Постои ли љубов на прв поглед
Тоа е онаа љубов која се случува неочекувано, во еден момент, а може да ги пушти своите корени многу подлабоко од онаа љубов која веќе се развива подолго време.
Во неа веруваат само оние кои ја доживеале и кои ја прифаќаат без никакво подлабоко размислување.
Романтични наспроти скептици
Оние кои не веруваат во љубов на прв поглед со право може да се наречат скептици или едноставно луѓе кои се внимателни и кои се впуштаат во врска само откако ќе се уверат дека навистина ќе им се исплати вложениот труд.
Кога личност ќе ни остави силен впечаток со својата појава и харизма, храбрите се одлучуваат на впуштање во авантура која може да прерасне во вистинска љубов.
Како реагира нашето тело?
Нашето тело најчесто повикува на препуштање на она што го чувствуваме во моментот. Срцето чука побрзо кога сме покрај неа/него, пеперутки во стомакот, зениците се шират, очите ни светат. Може да се појави и лесно руменило по лицето, а дланките често се потат.
Што мислел др. Фројд за вљубеноста?
Таткото на психоанализата предупредувал на посебните ефекти на вљубеноста, поточно на оние ефекти кој таа ги има врз човековата психа. Вљубеноста ја споредувал со хипноза.
Тој тврдел дека човек кога е заљубен подготвен е да направи сè! Да стане понизен, скромен, послушен и некритичен кон саканата личност затоа што во неа гледа совршенство. Еднаква состојба се постигнува и со хипнозата.
Кога љубовта на прв поглед ќе отиде во погрешна насока...
Со оглед на тоа што сè си има своја добра и лоша страна, и љубовта на прв поглед може да биде прекрасна и страстна, но може да биде и големо разочарување.
Понекогаш навистина изгледаме како да сме обезглавени и се чини дека личност која штотуку сме ја запознале ни го свртела умот. Важно е како ќе се поставите.
Во принцип, сè зависи од однесувањето на обајцата – како ќе се согласувате, толку и ќе трае.
Љубовта на прв поглед – постои
Не можеме да се преправаме дека ја нема затоа што сите сме способни да ја доживееме. Прашање е само колку сме подготвени за истата.
Какво е вашето искуство со вљубување на прв поглед?