11 знаци дека сте во врска со прекрасен партнер кој вистински ве цени и сака

Не ве критикува, внимателно ве слуша и ви покажува почит дури и среде жестока расправија.

11-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-prekrasen-partner-koj-vistinski-ve-ceni-i-saka-01.jpg

Ако сте среќни во вашата врска и имате одличен однос со партнерот, тогаш веројатно ви е јасно дека сте со прекрасна личност.

Сепак, има и мигови кои не се така совршени и можат да ве натераат да се запрашате дали сте во врска со вистинскиот човек.

Во ваквите ситуации пробајте да ја погледнете поголемата слика и размислете за целокупното однесување на партнерот.

Ако ги забележите следниве знаци, тогаш дефинитивно сте со прекрасен партнер кој вистински ве цени и сака:

1. Кога зборувате, секогаш ве слуша. Не ве прекинува и не ги игнорира вашите мисли и идеи. Генерално, го цени вашето мислење и ја цени вашата интелигенција исто колку и вашиот изглед.

2. Ве сака токму такви какви што сте. Никогаш не ве критикува за облеката, килограмите или што било поврзано со изгледот. Не се шегува за вашата омилена песна, вашиот омилен филм или што било што ви се допаѓа. Никогаш не прави да се чувствувате инфериорно и во вашиот однос постои еднаквост.

3. Ви дава слобода сами да одлучувате. Не ви кажува со кого да се дружите и не пробува да ве контролира. Ви верува, свесен е дека сте возрасна и зрела личност и верува дека нема да го повредите.

4. Не ве критикува пред неговите пријатели. Горд е бидејќи е со вас и дури и по жестока расправија, никогаш не зборува лошо за вас пред пријателите или семејството. Секојпат кога ве спомнува, кажува само добри работи, а ако некој друг ве нападне, без двоумење ќе ве одбрани.

5. Покажува разбирање дури и кога е гневен. Кога се расправате за нешто, не се претвора во ужасна личност, туку го контролира гневот и сака заедно да најдете решение за проблемот. Не ви вика, не ве навредува и не кажува работи за кои подоцна ќе се покае. Тој ве почитува дури и среде жестока расправија.

11-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-prekrasen-partner-koj-vistinski-ve-ceni-i-saka-02.jpg

6. Го цени вашето време. Не ве остава да чекате и кога ќе се договорите за нешто, никогаш не доцни.

7. Обрнува внимание на ситниците. Ова значи дека ве слуша кога зборувате и обрнува внимание на она што го кажувате. Па, ги знае и најбезначајните работи за вас, а некогаш го користи тоа и да ве изненади - на пример, да ви го купи омиленото чоколадо.

8. Ви ја кажува вистината без оглед на сè. Не се обидува да избегне проблеми со лаги и искривување на вистината. Ве почитува доволно за секогаш да биде искрен со вас. Дури и ако знае дека ќе ви биде тешко да ја слушнете вистината, тој ви ја кажува бидејќи ве сака и цени.

9. Лојален е. Кога ќе излезе без вас, не мора да се грижите дали ќе флертува со други или ќе ве изневери. Тој ве сака само вам и го дава најдоброто од себе за да ви го покаже тоа.

10. Не ги минува заедничките мигови со телефонот. Кога правите нешто заедно, тој ви го посветува целото внимание и ужива во секој миг. Целосно е присутен во моментот и не му треба нешто да му го одвлече вниманието, како неговиот телефон.

11. Одговара на вашите прашања. Без разлика дали го прашувате за неговите чувства или неговото минато, тој е искрен со вас. Не ги избегнува вашите прашања и со задоволство споделува детали од животот со вас.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg