„Мојот партнер не престанува да гледа други девојки на Инстаграм и да им лајкува фотографии - што да правам?“
„Со партнерот сме заедно речиси 5 години и како и во секоја друга врска имаме подеми и падови, но нешто што отсекогаш ме мачи е што постојатно заследува девојки на социјалните мрежи, им ги гледа фотографиите и им стиска лајкови...“
Жена се обраќа поради проблемот во нејзината љубовна врска до експертот за врски во магазинот USA TODAY.
Нејзината поплака од партнерот гласи:
„Со партнерот сме заедно речиси 5 години и како и во секоја друга врска имаме подеми и падови, но нешто што отсекогаш ме мачи е што постојатно заследува девојки на социјалните мрежи, им ги гледа фотографиите и им стиска лајкови.
Му кажав дека ми пречи тоа и прави да се чувствувам дека не ме почитува, навистина не разбирам зошто има потреба да ги следи тие девојки и да се забавува гледајќи им ги фотографиите.
Да разјаснам, не мислам на девојки кои му се пријателки или колешки, туку за оние т.н. „Инстаграм модели“.
Кога и да му споменам, тој се лути дека сум го проверувала што прави на социјалните мрежи, на што се согласив дека е навистина нападно и самодеструктивно.
Но, неговите активности на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, прават да се чувствувам навистина несигурна. Мразам што е така, но кога ги гледам фотографиите што ги лајкува ми се создава некој револт во мене.
Што треба да направам? Помогнете ми!“