Инфекции и уште 4 несакани ситуации со кои може да се соочите по секс на плажа (18+)
Кога ќе почнат летните горештини, сите размислуваат за тоа колку би било добро интимните моменти да ги преселат некаде на некое поегзотично место, на пример на некоја плажа.
Во најголем дел земји во светот сексот на јавни места е законски забранет и треба да бидете сигурни дека сте безбедни пред да се предадете на страстите.
Сепак, доколку сте од оние „храбрите“ и сакате да ги преселите интимните моменти на некоја плажа, тогаш треба да имате предвид и неколку други несакани ситуации во коишто би можеле да се најдете.
Сушење на половите органи
Доколку сметате дека водата ќе биде доволна за навлажнување и ќе делува како лубрикант, тогаш се лажете.
За да „си играте“ во вода добро би било со себе да понесете и лубрикант на база на силикон, што не се раствора во вода и ќе нуди подобро подмачкување на половите органи, но и нема да предизвика иритација во иста мера како водените верзии.
Доколку наместо на плажа, сакате да користите ваков лубрикант во када или под туш, имајте на ум дека овие лубриканти се мошне лизгави и можете да се лизнете на нив и да паднете.
Песок на несакани места
Можеби во жешките мигови воопшто и нема да помислите на ова, но пред да преминете на главниот чин, не заборавајте да ставите крпа под вас за да избегнете иритација на телото и на половите органи.
Секако, веднаш по сексот добро е да се истуширате и тоа под туш, затоа што солената вода може да предизвика иритација.
Кондоми полни со вода
Најголемиот број кондоми може да се користат во вода, но треба да ги имате предвид две работи затоа што неправилната употреба на кондоми може да доведе до несакана бременост, но и полово преносливи болести.
Прво доколку кондомот е лабав, може да се наполни со вода. За да бидете сигурни дека ова нема да се случи треба кондомот да се стави пред влегување во вода и да го држите цврсто со рацете кога влегувате во вода.
Втора работа што треба да ја имате предвид, доколку решите да се забавувате во базен со хлорирана вода е дека хемикалиите може да го оштетат кондомот.
Се смета дека солената вода не би требало да предизвика проблеми.
Инфекции на уринарниот тракт
Тоа што почесто имате секс во летниот период, може да направи бактериите полесно да навлезат во уринарниот тракт и да предизвикаат инфекција.
Доколку почувствувате силна, постојана потреба за уринирање, болка при уринирање, грчеви во стомакот или треска, можно е да се соочувате со инфекција на уринарниот тракт.
Најдобро е веднаш да посетите лекар, за да ви препише антибиотици.
Изгореници каде што не нè грее сонцето
Освен ако не одите често на нудистички плажи, тогаш вашето тело најверојатно има делови што не биле изложени на сонце подолго време.
Неизложените делови од телото (пример градите) се многу поподложни на горење од другите делови на телото.
Затоа бидете сигурни дека ќе нанесете крем за сончање на целото тело пред да се пуштите во акција.
Б. С. Б. | Црнобело