Фантазиите на девојките
Сексуалните фантазии до скоро беа исклучиво привилегија на машките или барем таков беше впечатокот. Сепак, многубројните истражувања покажаа...
...дека и понежниот пол не само што размислува на оваа тема, туку дека фантазијата кај нив е многу развиена.
Фантазирање за партнерот со кој се во моментот – Оваа фантазија е број 1 во светот на сексуалните фантазии на жените: да прават работи кои ги правеле или кои сакаат да ги направат со моменталниот партер.
Секс со друг маж – Најчесто станува збор за претходен љубовник или маж во нивната непосредна околина. Ова најчесто се случува кога жената не се осеќа доволно задоволена од моменталниот партнер.
Романтичен секс – Тоа е секс со многу емоции: преубав маж, неспособен да сака повеќе од една жена, ја запознава неа и зашеметен од нејзината убавина и интелигенција ја носи на некоја песочна плажа и води љубов со неа додека сонцето не зајде.
Секс со странец – Е тоа е секс поради секс, а единствената награда е задоволството. Жената тука може целосно да се опушти и да ужива знаејќи дека никогаш веќе нема да го види.
Главната разлика помеѓу женските и машките фантазии е тоа што жените фантазираат за непознати мажи, а мажите за комшиката од соседството.
За кого фантазирате вие?