5 совети за избегнување и ефикасно решавање на проблемите во врската
Комуникацијата е едно од најважните нешта во врската, но многу парови имаат проблеми во оваа област.
Кога ќе настане конфликт, обично партнерите заземаат одбранбен став и наместо да бараат решение, и двајцата се обидуваат да докажат дека се во право.
На овој начин нема никогаш да направите компромис и само ќе ја влошите ситуацијата.
Затоа, погледнете на што треба да обрнете внимание ако сакате лесно да се справите, или целосно да ги избегнете проблемите во врската:
Избегнувајте зборови што звучат како критика
Кога партнерот ќе направи грешка, веројатно помислувате да го критикувате со фрази како „Многу згреши“.
Наместо тоа, кажете му како вие се чувствувате во врска со некоја ситуацијата.
На пример, наместо да речете „Направи нешто лошо“, искористете фраза како „Не ми се допаѓа тоа што го направи“.
Оваа мала промена во изразувањето може да направи голема разлика – партнерот нема да се чувствува „нападнато“, нема да заземе одбранбен став, а со тоа ќе го избегнете конфликтот и мирно ќе го решите проблемот.
Никогаш немојте да го критикувате партнерот, дури ни за најмалите пропусти.
Најпрво обидете се да ги разберете вашите чувства
Ако сте имале лош ден, и најмалиот пропуст на партнерот може да ве направи гневни. Затоа, пред да го обвините, добро размислете дали навистина направил нешто лошо, или само вие сте во лошо расположение.
Ако забележите дека сте гневни и фрустрирани, подобро прво излезете на прошетка и смирете се, па потоа размислете дали навистина постои проблем помеѓу вас.
Немојте сами да донесувате заклучоци
Ако партнерот направил грешка, немојте веднаш да претпоставувате дека го направил тоа намерно. Обидете се да ја погледнете и неговата страна пред да донесувате заклучоци.
На пример, ако ви се чини дека партнерот ве игнорира, можеби е под многу стрес или има некој сосема друг проблем.
Во ваквите ситуации најдобро е прво да го прашате дали се соочува со некаков проблем пред да почнете да го обвинувате за нешто.
Немојте да мислите дека секогаш сте во право
Колку и да мислите дека сте во право, не ја исклучувајте можноста дека правите грешка. Затоа, секојпат кога ќе се појави проблем, кажете го вашето мислење, но внимателно ислушајте го и партнерот.
Не заборавајте дека во врската не е важно вие да испаднете „победник“ во караницата. Туку, важно е да најдете заедничко решение.
Истото важи и кога треба да донесте заедничка одлука - секогаш земете го предвид и мислењето на партнерот.
Не му одржувајте лекции на партнерот
Ако среде конфликтот почнете да се однесувате како родител кој му држи лекција на своето дете, партнерот нема да сака да ве слуша. Ова, пак, само ќе го разгори конфликтот.
Всушност, во ниту една ситуација немојте да му одржувате лекции на партнерот. Ако, на пример, побара мислење од вас, бидете искрени, дајте му совет, но не му одржувајте лекции.
Кога ќе налетате на проблем, немојте да му кажувате на партнерот како треба да се однесува и што треба да прави. Наместо тоа, разговарајте за проблемот, кажете зошто ви пречи и многу полесно ќе најдете решение.
Спирова С. | Црнобело