Жените не ги слушаат мажите?

15-pricini-zosto-zenite-ne-gi-slusaat-mazite-povekjeЧесто пати ги обвинуваме мажите дека не ги слушаат жените, или пак ги игнорираат, но се чини дека и тие не се ангели по тоа прашање.


Една од причините зошто жените не ги слушаат мажите е тоа што мажите и жените зборуваат на различен јазик. Така е тоа од почетокот на човековата раса, а тоа не е променето до денешен ден. Иако се случувала еволуција, стариот модел на однесување сеуште има големо влијание.

Постојат неколку причини поради кои жените остануваат глуви на она што мажите им зборуваат. Еве некои од нив:

15-pricini-zosto-zenite-ne-gi-slusaat-mazite-1

1. Мажите и жените се изразуваат различно – тоа се два потполно различни јазици. Жените пристапуваат со јазик на чувства, додека мажите се подиректни и по малку безлични. Тоа не е сексистичко размислување, туку резултат на еволуцијата и влијанието на колективното опкружување.

2. Мажите имаат поразлични интереси од жените. Тој можеби е „луд“ по фудбал (планинарење, едрење или што и да е...), а неа тоа воопшто не ја интересира и нема желба да го слуша кога тој зборува за тоа. Ова секако важи и во спротивна насока, многу мажи не сакаат да слушаат за облека, чевли или што и да е... Во овој случај потребен е компромис.

3. Мажите не знаат што е тоа да се биде жена. Тие работат повеќе работи истовремено, додека мажите работат една по една. Затоа жените често пати се фрустрирани и не сакаат да чујат што имаат тие да им кажат.

4. Тој претерува и лаже. Никој не сака фалбаџии. Затоа, кога тој ќе почне да зборува за своите постигнувања, каков мобилен има, или каков автомобил вози – таа не го слуша.

15-pricini-zosto-zenite-ne-gi-slusaat-mazite-25. Тој мисли само на секс. Таа сака да се чувствува сакана, мазена, да има внимание и да е обожувана. Ако тој не се однесува убаво кон неа и вон спалната соба, во иднина неа постојано ќе ја боли глава кога тој ќе посака секс.

6. Тој ја прекинува кога е зафатена и бара внимание. Таа е зафатена со нешто навистина важно. Можеби во моментот е зафатена со нешто што нему не му се чини важно, но неа тоа и значи. Зарем тој не може да најде друго време за разговор? Кој ќе го слуша во таква ситуација?

7. Затоа што е во „немилост“. Тој навистина нешто погрешил (се напил со пријателите, заборавил на состанокот...) и таа е лута и сака некое време да ја остави на мира.

8. Лут е. Никој не сака да слуша бесен маж. Ако тој е лут, таа не сака да биде негово жтрвено јагне.

9. Жената често, особено на почетокот на врската, го слуша само тоа што сака да го слушне. Еве еден мал пример - мажот на жената уште во почетокот на врската и кажал дека има проблем со гледање само со една жена. Но, таа се оглушила на тоа (односно сметала дека тој со време ќе се смени) па подоцна се чуди зошто тој во потполност не сака да се врзе. А тој тоа и го кажал уште на почетокот на врската.

10. Жената сака мажот да и биде потпора, но не апсолутно да ги решава сите нејзини проблеми. Кога жените зборуваат за своите проблеми, тие сакаат само малку да се пожалат и сè што очекуваат е малку подршка и сочувство. Мажите се многу попрактични, тие стануваат опседнати со тоа да пронајдат решение за дадениот проблем. По некое време, жената престанува да зборува за она што и се случило во текот на денот и комуникацијата се намалува.

15-pricini-zosto-zenite-ne-gi-slusaat-mazite-3

11. Жената може да биде загрижена за нешто што им се случува на нејзините пријателки, но тоа можеби не е случај со нејзиниот момче/маж, него тоа не го интересира. Со време таа престанува да ги споделува тие работи со него.

12. Жената често пати очекува нејзиниот партнер да и биде најдобрата пријателка. Но, тој не е тоа! Тој е нивниот партнер и има различни размислувања за тоа што е важно во животот, а што не е. Ценете го тоа.

13. Жената често пати очекува мажот да и ги чита мислите и самиот да сфати што сакал авторот да каже, па често пати е нервозна кога тој нема да разбере. Дури и ако купи кристална топка, тој нема да и ги чита мислите. Мажите се многу попрактични и помалку комплицирани, па ако сакаат жените тие нешто да направат, едноставно треба да им кажат.

14.  Жените сакаат да читаат помеѓу редови, дури и кога таму нема што да се прочита. Односно кога партнерот нешто ќе и каже, тој навистина го мислел тоа што го кажал, без задни конотации. Тоа е честа замка за сите луѓе – кога самите претпоставуваме што всушност другиот сакал да каже.

15. Тој и забележува дека претерува. Таа сака сè околу неа да биде совршено. Сака совршена работа, совршена куќа и совршен маж. Кога било што од тие работи недостасува, таа е незадоволна. Кога тој ќе ја обвини дека претерува, таа се лути и не сака повеќе да разговара.

Што мислите вие за ова? Кои се вашите причини?

Би можело да ве интересира:

Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg