Како да му признаете на партнерот дека сте го излажале, без (премногу) да ги повредите неговите чувства?
Важно е да се извините искрено, а ако станува збор за голема лага, немојте да го обвинувате партнерот ако изреагира бурно - што друго можете да направите за да ја намалите болката на партнерот откако ќе го излажете?
Постојат два вида лаги во бракот: големи и мали.
Користиме мали лаги кога не сакаме да навлегуваме во расправија со партнерот за ситни работи, додека големите лаги се оние што можат да ѝ наштетат на врската.
После лажењето, на партнерот треба да му ја кажете вистината, што не е секогаш лесно.
Како да го направите тоа на што е можно побезболен начин?
Мали лаги
1. Изберете го вистинското време
Времето е многу важно. Ако вашиот партнер имал тежок ден на работа или во моментов е зафатен со нешто друго, одложете го разговорот. Најважно е да биде опуштен и смирен додека му ја кажувате вистината.
2. Внимателно изберете ги зборовите
Немојте само да нафрлате информации и да драматизирате. Многумина прават грешка кога одлучуваат да се изјаснат за виновни, затоа што сакаат да се ослободат од тоа што е можно поскоро.
Треба да постапувате со грижа и внимателно да ги избирате зборовите.
3. Извинете се, искрено
Можеби е очигледно дека треба да се извините, но тоа често се заборава. Ако го излажавте партнерот, колку и да е мала лагата, тој заслужува извинување.
Големи лаги
1. Однесувајте се кон лагата со сериозноста што ја заслужува
Големата лага бара голема претпазливост. Во овој случај не треба да ја минимизирате лагата, туку треба да ја кажете вистината и да се подготвите за бурна реакција од страна на партнерот.
2. Користете го таканаречениот црно-бел метод
Започнете со нешто што ќе го смири вашиот партнер, како на пример „Те сакам и ти го кажувам ова затоа што не сакам да имаме тајни“.
Потоа признајте што сте направиле, што сте излажале, што сте згрешиле и зошто се чувствувате виновно.
Завршете го разговорот со нешто позитивно - кажете дека ви е жал и дека нема оправдување за она што сте го направиле, но дека сакате да ја исправите грешката.
3. Не го обвинувајте партнерот
Кога сме ставени во ќош, наша природна реакција е да пробаме да се оправдаме. Честопати го обвинуваме партнерот за нашата грешка, и тоа не е добро, дури и ако тој навистина влијаел на истата.
Со тоа ќе се добие ефект спротивен на оној што сакате да го постигнете.
Ашера | Црнобело