5 правила за среќен брак кои може (и треба) да ги прекршите
Некогаш е всушност подобро да одите во кревет гневни бидејќи до утрото лутината ќе ви помине, па и двајцата ќе бидете поразумни, а со ова полесно ќе го решите проблемот. Кои други правила за среќен брак треба да ги прекршувате?
Сите ние од нашите мајки и баби добивме совети за добар и успешен брак. Но, дали овие совети се навистина корисни и дали треба слепо да ги следиме?
Неколку правила за среќен брак што некогаш е подобро да ги прекршите:
Слободно легнете си гневни
Еден од советите што е стар како и прашањето „дали кокошката е постара од јајцето“, е да не одиме да спиеме гневни.
Вистината е, ако се расправаме додека сме поспани, уморни или под стрес, ништо добро не може да излезе од тоа.
Ако сте во можност да се согласите дека не се согласувате и да одите во кревет, завршете ја дискусијата кога ќе бидете одморени.
Нема потреба да бидете 100% искрени
Дури ни 100% искреност во бракот не е секогаш најдобрата опција.
На пример, не мора да му кажувате на вашиот партнер за секој детаљ од вашите претходни врски. Ова обично предизвикува љубомора, а љубомората не може да направи ништо добро.
Не мора секој одмор да го поминете заедно
Кога станува збор за одмори, генерално се препорачува да го поминувате слободното време со партнерот, но проблемот може да се појави кога двајцата имате сосема поинакво разбирање за одморот.
Можеби вие сакате да истражувате, а партнерот сака да лежи и одмара.
Во тој случај, можеби е подобро понекогаш да одите на одмор одделно, секој на своја страна, но не секогаш.
Не треба да ја запоставите врската за вашите деца
Една од најчестите грешки на брачните двојки е што ја запоставуваат својата врска откако ќе добијат деца.
Во некои случаи, ставањето на вашата врска пред децата не значи дека сте лош родител.
Напротив, ако вашата врска е на прво место, тоа не е добро само за вас, туку и за вашите деца, затоа што ќе растат со родители кои се сакаат.
Не мора да го минувате секој миг заедно
И на крај, не мора да го поминувате секој момент заедно. Би било идеално да имате заеднички интереси, но ако тој се интересира за автомобили, а вие претпочитувате шетање низ природа, не треба да бидете обесхрабрени.
Најдобрата опција е да имате различни хобија, но исто така да имате и барем една заедничка активност.
Не постојат правила за среќен брак - адаптирајте ги на вашите афинитети затоа што секоја врска е уникатна и различна.
Ашера | Црнобело