5 знаци кои покажуваат дека сте во среќна врска, исполнета со доверба
Не го проверувате парнтерот на секој половина час кога е излезен со друштво и не ја криете вашата онлајн активност од него - кои се другите знаци дека сте во среќна врска, исполнета со доверба?
За врската да биде успешна, помеѓу партнерите треба да има добра комуникација, почит и доверба. Од трите, довербата е најтешка и треба да ѝ се посвети најголемо внимание.
Довербата меѓу партнерите не доаѓа сама од себе. Неопходно е да се работи на создавање на истата.
Ако ги забележите следните 5 знаци во вашата врска, тоа значи дека сте во врска исполнета со доверба:
Не се двоумите дали да зборувате за вашите проблеми
Без разлика дали станува збор за кавга со членовите на семејството, проблеми на работа или конфликт со пријател, знаете дека секогаш можете да сметате на вашиот партнер да ве слуша во момент на криза.
Не ја криете финансиската состојба еден од друг
Нема потреба да имате заедничка сметка во банка. Доволен доказ за довербата помеѓу вас е тоа што не ја криете вашата финансиска состојба еден друг.
Кај паровите помеѓу кои нема доверба, ова се детали што обично се кријат. Всушност, некогаш луѓето ги кријат и големите долгови од партнерот бидејќи не постои доверба во нивната врска.
Не пробувате да ја скриете вашата онлајн активност
Сите сакаме да имаме приватност, но ако пробувате да ја скриете вашата онлајн активност од партнерот, тогаш нешто дефинитивно не е во ред.
Партнерите кои имаат доверба едни во други не го прават тоа и не се сомневаат дали другиот ќе му го проверува компјутерот или телефонот.
Не се обидувате да го контролирате вашиот партнер
Ако му оставате простор на партнерот за активности во кои не учествувате и не испраќате пораки на секој половина час кога не сте заедно, тоа е знак дека постои доверба меѓу вас.
Ги покажувате вашите позитивни и негативни чувства
Вистинската љубов преживува и добро и зло. Ако не се плашите да ги покажете чувствата пред вашиот партнер, дури и кога се негативни, тоа значи дека во вашата врска постои меѓусебна доверба.
Ашера | Црнобело