107 годишна девојка бара сопруг
Не, не прочитавте погрешно! 107 годишна девојка од Кина која како млада се плашела да се омажи решила сега да побара сопруг 100 годишник кој би го...
...поминал остатокот од животот со нејзе.
Ванг Гујинг е загрижена дека станува товар за внуците и правнуците кои ја чуваат (најмладиот е 60 години стар) откако ја скршила ногата на 102 годишна возраст.
“Имам 107 години, и сеуште не сум мажена. Замислете што ќе се случи ако не побрзам и најдам сопруг?” изјавила Гујинг.
Причината поради која таа сеуште не е мажена е што израснала во околина во која мажите постојано ги тепале и малтретирале своите сопруги, кои таа ги гледала како патат и тагуваат.
Но, времето и условите се промениле поради што таа пројавила интерес да застане на лудиот камен.
Сите блиски роднини, како и локалната власт се согласиле на оваа старица да ѝ помогнат да го најде својот животен сопатник.