Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот?
Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина е возможна ако ги следите овие совети.
Од една или друга причина, луѓето можат да се најдат во врска на далечина.
Многумина се убедени дека далечината ќе ја „убие“ љубовта, а со тоа и врската, но ова не мора да биде вистина.
Растојанието не мора да биде пречка за врската. Ако постои доверба помеѓу партнерите, ако се почитуваат еден со друг, врската на далечина може да опстане.
Вашата љубов може да преживее ако ги следите овие совети:
Поставете правила
Многу е важно да поставите реални и здрави очекувања. Ова значи дека треба да се согласите за тоа како ќе останете во контакт, колку често ќе се слушате по телефон, колку често ќе се гледате...
Не постои точен или погрешен одговор, но ќе се појават проблеми ако не зборувате за ова.
Видео повици
Максимално искористете ја технологијата што ни е достапна. Видео повиците се многу подобри од телефонските или пишувањето пораки и ќе ви помогнат да ја одржите близината помеѓу вас.
Гледајте ја „заедно“ вашата омилена серија
Обидете се да ги одржите вообичаените навики дури и на далечина.
На пример, направете видео повик и гледајте ја омилената серија заедно. Не е исто како кога сте заедно, но сепак вреди.
Разменете ја облеката
Додека сте разделени, утеха може да ви биде омилената кошула на вашиот партнер, која ќе ве потсети на неговиот/нејзиниот мирис.
Подароци
Времето кога повторно треба да се разделите е секогаш тешко. Можете да си ја олесните разделбата ако си подарите нешто - чоколадо, книга.. сè што ќе ве потсети на партнерот и што ќе го одржи вашето присуство.
Запишете на хартија зошто му верувате на партнерот и зошто сте заедно
И прочитајте го секојпат кога ќе имате криза. Кога не се гледаме редовно со некој што го сакаме, често поминуваме низ кризи.
Кога сте многу задоволни и сигурни во вашата врска, запишете на хартија неколку причини зошто имате доверба во вашиот партнер и зошто сте заедно.
Ова нека ви биде потсетник во најтешките мигови.
Разговарајте за тоа до кога ќе бидете во врска на далечина
Зборувајте искрено за тоа зошто мора да бидете одвоени и до кога ќе биде така. Притоа, разговарајте и за заедничката иднина.
Ашера | Црнобело