Приказни од хотелот - трет дел

Сабота. Хотелот денеска беше викендашки расположен. Имаше неколку парови дојдени да се „рекреираат“ тука наместо да одат на Водно, две семејства со деца и тројца самци. Типичен викенд. Јас и девојките се посветивме на чистење на рецепцијата. И баш кога се внесовме во работата, слушајќи Ex-Yu хитови, заѕвони телефонот.

prikazni-od-hotelot-tret-del-001.jpg

„Хотел „Промаја“, повелете“ – рече Клара.

По две-три минути, нивниот разговор заврши. Ја прашав кој беше. А, таа ми одговори дека тоа била Лола на телефон и ќе дошла за еден час. Лола е ескорт дама, која секогаш носи ликови од јавноста или пак моќни лица. Но, веќе годините ја газат. Не е истата Лола која ја познавав, на почеток беше како капка. Згодна, фина, но и немилосрдна кога стануваше збор за нејзиниот бизнис. Женските се плашеа од неа, па избегнуваа да доаѓаат тука. Сега, години после тоа, ѝ остана само жар-црвената кадрава коса и секако многу искуство зад себе.

Бевме на половина работа кога дојде таа. Облечена во тренерки со фатена коса, некаква марама во косата, но нашминкана. Ми рече дека прво таа ќе влегла, а потоа ќе дошол и тој. Климнав со главата. Ми плати, а јас ѝ го дадов клучот. Таа никогаш не остава лична идентификација, затоа што брат ѝ работи во инспекција, па страв ѝ е да не ја открие. Улогата на ескорт дама совршено ја покрива со работното место во училиште како учителка на деца до 5-то одделение.

Ние веќе заборавивме на саканиот на Лола, се шегувам, мислев на муштеријата на Лола кога тој влезе во рецепцијата. Среден, исчешлан, дотеран, намирисан, во црно одело со црвена кравата. Просто не можев да си поверувам на очите дека тој би дошол до тоа дереџе да се „спанџа“ со некоја како што е Лола.

„Повелете, господине. Како можеме да ви помогнеме“ – праша Клара.

„Тука треба да е Лола“ – одговори тој.

„А, вие сте?“ – праша повторно Клара.

„Роберт Дураков. Имаме договорено. Ви треба лична карта?“

„Секако, господине.“

„Повелете“ – ја даде и здувна право кај Лола.

Клара реши да го „прочепка“ муштеријата и откри дека бил директор на некоја фирма надвор од Скопје. Сега сфатив зошто беше така скоцкан, па директор ли е или не.

Продолживме со работа. Пиевме кафе, пак бришевме прашина и најпосле отиде само тој. Нетипично за Лола, таа секогаш си оди пред муштеријата. Помислив дека се тушира, па решивме да почекаме уште некое време.

Помина половина час и ја испратив Вероника да види што е работата. Но, за кратко време таа се врати. Беше во паника, но ѝ доаѓаше да се прсне од смеа. Ми рече дека мораме итно да се качиме до нејзината соба.

Кога влеговме, ме дочека вистински шок. Лола лежеше врзана со лисици за креветот, полугола со шлаг околу пупките. Среќа што барем долу носеше гаќички.

„Добро, Лола. Што е ова, по ѓаволите?“ – извикав.

„Ние сакавме малку да си поиграме, но се испостави дека го заборавил клучот од лисиците. Изгледа отиде да го земе...“

„Боже, Лола... Ти стварно не си нормална... Мисли си дека ќе се врати... Туку што да правиме сега.... А богами, и шлагов супер ти стои“ – најпосле се насмеав.

„Вилма, немој да се смееш. Ова е сериозно... Му личи ли на таков директор да ме остави ваква... Види ме... Аах... Лолооо“ – нервозно преташе со рацете.

„Чекај ме тука, мислам нормално... Каде ќе одиш... Одам да земам вода и сапун... Некако да се обидеме да ги извлечеме лисиците. За тоа време ќе те покријам со пешкир, да не ни биде непријатно и на двете...“

Се вратив во собата и едвај ги истривме некако лисиците од рацете. Се прашував само од каде му беа... Вистински полициски лисици, веројатно има некој познат кој работи во полиција... Но, сепак... Ми текна за еден случај кога еден полицаец си ги заборави лисиците, па трчаше да си ги земе назад... Кој знае...

Денот помина повеќе од хаотично, во врска со нашата Лола. Можам да замислам само што прави во собите додека ги забавува муштериите... Ах, Лола...

*Сите настани и ликови во приказните од овој чуден хотел се измислени, доколку било кој се пронајде во нив – тоа е чиста случајност.

Претходниот дел прочитајте го тука.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Марија Прличкова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg