4 машки карактеристики на кои жените не можат да одолеат
Повеќе научни студии го докажале фактот дека хуморот е знак за интелигенција и креативност. Поради тоа, многу жени „паѓаат“ токму на мажите со смисла за хумор.
Лојалноста, искреноста и самодовербата се особини кои жените најмногу ги ценат кај мажите. За жал, тешко е да се процени личноста уште на прв поглед.
Сепак, постојат работи кои мажите ги прават, а на кои повеќето жени навистина не можат да одолеат, дури ни на прв поглед.
Во продолжение ќе откриете некои од нив:
Смисла за хумор
Жените сакаат мажи во чие присуство им е забавно. Повеќе научни студии го докажале фактот дека хуморот е знак за интелигенција и креативност.
Поради тоа, многу жени „паѓаат“ токму на мажите со смисла за хумор.
Хуманост и дарежливост
Ќе имате поголеми шанси за стабилна врска со партнер кој им помага на другите луѓе, отколку со партнер кој е себичен и мисли само за себе.
Па, не е ни чудно што ова е одлика која е привлечна за жените.
Доза мистериозност
Жените сакаат мистерија и бидете сигурни дека ќе им бидете уште поинтересни доколку не им дадете веднаш до знаење дека сте полуделе по нив.
Ова не значи да си играте со нивните чувства, туку немојте да ги откривате сите детали за себе уште веднаш.
Храброст
Не постои ништо што ќе ве направи попосакувани кај понежниот пол од покажувањето храброст во секој домен од животот.
Не плашете се да ризикувате, затоа што можеби подоцна ќе ви биде криво што не сте го направиле тоа тогаш кога сте можеле.
М. П. | Црнобело