5 начини да шармирате жена без да изговорите еден збор
Способноста да направите жена да се заинтересира за вас без да изговорите ниеден збор навистина е важна вештина.
Првиот впечаток е многу важен, а понекогаш еден гест значи повеќе од 10 зборови, па добро е да знаете со што да ја привлечете.
Соодветен длабок поглед и неколку движења ќе ви помогнат да постигнете нешто што многумина не успеале – да шармирате жена во само неколку минути.
Ако зборовите не ви се силна страна (или ги чувате за подоцна) овие начини ќе ви бидат од корист:
Искористете ја секоја можност да ја гледате во очи
Ако знаете како соодветно да ја погледнете во очи, нема да мора да кажете ништо за да ја импресионирате.
Сепак, внимавајте на должината на контактот со очи, ако претерате, ризикувате да ја исплашите и да изгледате сомнително.
Не се повлекувајте – во буквална смисла на зборот
Дури и ако ви е тешко да им пристапувате на луѓе и секогаш се држите на дистанца, обидете се да го надминете тоа.
Кога девојката зачекорува кон вас, не се поместувајте. Ако се вратите назад, дури и ако е од трема, ѝ давате причина да се двоуми дали сте затворен тип или не ви се допаѓа.
Затоа, соберете храброст и вие направете го првиот чекор кон неа за да започнете разговор или да продолжите..
Обрнете внимание на веѓите
Многумина не знаат, но луѓето веднаш го забележуваат движењето на веѓите на соговорникот, а тоа може да ви биде од корист.
Но, ако ги кренете превисоко, ќе изгледате некултурно, ако ви се прениско спуштени, ќе изгледате луто и иритирано. Доколку пак не ги движите воопшто, ќе бидете здодевни.
Вежбајте пред огледало како умерено да реагирате на емоции и зборови со веѓите и да оставите впечаток на привлечен маж.
Соодветен и културен физички допир
По некое правило, повеќето девојки се чувствителни на допир и не сакаат физички контакт уште на самиот почеток, па колку сте помалку агресивни, толку повеќе шанси имате.
Но, можете да го скршите мразот со нежен допир во соодветна ситуација и на културен начин.
На пример фатете ја нежно за рака ако треба да се поткачи некаде, прегрнете ја ако ви каже возбудлива приказна за прослава и слично.
Но, секој допир треба да ви биде уверлив, а не раката да ви се тресе, бидејќи така сигурно нема да ја привлечете.
Играјте со усните
Не се плашете да додадете вакво однесување ако е соодветно за ситуацијата. Но, како и за сите останати работи, и за ова важи да не претерате па да изгледа невкусно.
Секој допир треба да биде природен како да правите нешто за што сте свесни, а не да изгледате чудно.
М. М. | Црнобело