„Имаше хемија меѓу нас од старт, но таа имаше 21 година, а јас 60“
Џое Леон веќе 5 години е во врска со неговата девојка Ангела и неговата врска е иста како и вашата, со исклучок на тоа што тој е 39 години постар од неа.
Џое отворено проговори за нивната врска и за предрасудите со кои се среќаваат:
„Кога ќе кажам 39 години разлика никому не му се верува. Сите мислат дека тоa постои само кај познатите пејачи, холивудските филмски ѕвезди и милијардерите.
Но, без разлика што мислите нашата врска не се базира ниту на пари, ниту на секс, туку на љубов, доверба и почит. Дали тоа ви звучи слично како на вашата врска? Јас вистински се надевам дека тоа треба да биде основата на сите врски.
Никогаш не сум се состанувал со некој толку млад како Ангела претходно и никогаш не ми паднало на ум тоа. Годините не ми биле никогаш важни, туку целосниот пакет.
Ние двајцата сме актери, се запознавме на снимањето на еден независен филм, почнавме да разговараме и сфативме дека имаме исти интереси. Дефинитивно имаше хемија меѓу нас, но сметав дека е премлада. Таа тогаш имаше 21 година, а јас 60. Толкава разлика во години беше табу.
Еден ден таа ми пиша порака и ме покани на вечера. Бев почестен, тоа му годеше на моето его. Млада талнтирана жена беше заинтересирана за мене, па бев воодушевен, но и нервозен. Но, си реков дека една вечера не менува ништо, таа е толку памета и слатка, плус прва ме покани.
Имавме прекрасна средба, која засекогаш ќе остане врежана во мојот ум. Кратко потоа нашата романса започна. Љубовта доаѓа кога најмалку очекувате и понекогаш таа има само 21 година.
На почетокот од нашата врска не забележував какви погледи ни упатуваа луѓето, но Ангела го забележуваше тоа. И знаев како изгледа тоа, знаев дека нè осудуваа и кажуваа лоши зборови за нас. Многу пати жени на моја возраст нè гледале шокирано и затресувале со главата.
Јас бев среќен што сум со неа и само им се смеев во лице на хејтерите. Љубовта ви дава сила за тоа. И додека јас и Ангела го надминавме тоа, осудата од околината уништи многу парови. Навистина е вознемирувачко што делата на некои несреќни луѓе може да уништат заедница од двајца луѓе кои биле вљубени и среќни заедно.
Со време непријатното чувство дека нè гледаат како криминалци помина.
И не е дека понекогаш кога гледам наши заеднички фотографии не помислувам: „Таа е премлада за мене. Што правам со неа? Дали треба да го прекинеме ова?“
За среќа двајцата сме отворени и не дозволуваме ваквите мисли да ни ја упропастат врската и среќата. Ѝ ги кажав моите грижи, а таа ми рече да живееме за сегашноста и ќе видиме што ќе се случи.
Тоа беше пред 5 години.
Ние лансиравме Youtube канал „May December Society’, каде отворено зборуваме за проблемите со кои се соочуваме и нудиме поддршка на другите парови кои минуваат низ истото. Кога има љубов, годините не треба да бидат пречка, порачува Џое.
Што мислите вие за паровите меѓу кои има ваква драстична разлика во години?
С. С. | Црнобело