Љубов без секс – само мит или вистина?

Колку и неверојатно да ви звучи сепак постојат и луѓе кои сметаат дека кога сте со личноста која ја сакате, сексот воопшто не е ни потребен – дури ни во брак.






Научните темели за некои факти дека многу љубовни врски ја изгубиле магијата која ја имале на почеток на врската, се сведуваат на доминатното форсирање на сексот.

Иако на почетокот се чинело дека се нераздвојни, набргу потоа доаѓа до презаситеност од таа монотонија на секојдневниот секс, па партнерите немаат избор освен да раскинат и да бараат нова возбуда.lovin

Ставот дека може да постои љубов без секс е најчесто верување на момчињата кои страшно се разочарале во однос на сексуалните маратони, или оние кои се надпросечно романтични момци кои повеќе уживаат во се што и претходи на пенетрацијата.

Во оваа насока се и жените кои веруваат пак дека се исправни пред себе, пред своето семејство и пред Бога, ако причекаат до за тој чин се до брак.

Исто така, во оваа група како еден заклучок може да се набројат и оние типови на луѓе кои што имаат многу "попаметни работи", односно оние кои своето време го трошат најчесто за наука, читање на книги, или се фанатици по компјутери, па едноставно изнаоѓањето на било какво решение врзано со нивната опсесивна област ги доведува до мал оргазам и задоволство кои што ниту сексот не може да ги замени.

Интересно е дека дури и еден познат американски заводнички гуру еднаш рече: "Обожувам мазење. Сексот ми е ок, но кога би морал да избирам помеѓу сексок и мазењето, би избрал мазење. Тоа можам да го правам цела вечер".

Секако, ова тој го изјавува за да намами што повеќе жени во својот кревет!

Kaj oние луѓе кои се спремни да се откажат од сексот со својот сакан/сакана, дефинистивно не станува збор за разни верски фанатици, кои поради стравот од пекол бегаат од сексот пред брак.

Но, затоа пак, брзаат и за неполна година стапуваат во брак, така што побрзо би стигнале до делот наречен “размножување”.

 

Би можело да ве интересира:

10 фрази кои на мажите им влијаат позитивно на психата (и треба да им ги кажете) „Ти благодарам што го направи тоа за мене“ - Клучната состојка на долгите врски ...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg