Ќе нè спои ли животот?

Велат луѓето кои се заглавени во трњето не можат да имаат средба со ѕвездите. Но, еве сме доследни на себе и своите замисли, на пат кон небото. Кој би помислил зар не, напорната работа се исплати, вреди да се сонува, барем ние бевме доказ за тоа.

ke ne spoi li zivotot

Она што не можев да си објаснам беше зошто секогаш работите ми се случуваа на овој начин, да сакам да се смеам, да те погледнам во очи, да соберам храброст и да ти кажам сè, а јас да си мислам дека сè ќе расипам. Молчам и уживам во твоите спонтани движења кои за мене претставуваат ритуал кој маѓепсува.

Никој, никогаш не ме натерал да се чувствувам вака. Додека се смеам, во главата си повторувам „Немој да се заљубиш, ќе патиш, немој!”. Но попусто е, едноставно е, тебе човек не може, а да не те сака.

 Јас како дете на светот повторно го пакувам својот куфер, ти како онаа која била родена за да биде безгрешна остануваш. Зошто не го искористивме времето за да бидеме неразделни?

Твојата чиста, наивна душа, повредена од светот, би сакал да ја имам помеѓу дланките, да се потпреш на моето рамо и тука да останеш засекогаш. Светот не смееше да ја расипе твојата насмевка.

 Мене ми требаше ти, тебе ти требав јас. Барем така си мислев во главата, додека се обидував да не заглавам во твојот лавиринт на безизлезот. Зошто обожаваше да ме полудуваш без ниту да се потрудиш?

Каде се губев јас во сјајот на искреноста во твоите очи? Што ми се случуваше во твоја близина?

Има луѓе со кои можеш да молчиш вечно и да не биде непријатно или да зборуваш со нив вечно без притоа да настане онаа непријатна тишина. Јас и ти, кој би рекол, дури ми се смее душата однатре, како мало дете кое штотуку открило мало поточе во кое може да ги шлапка нозете.  Јас и ти како две неоткриени единки на едно цело. Ќе не спои ли животот?

Не знам како изгледа љубовта, но мислам дека се заљубив во твојата несовршеност.

Ти се смееш, на мојата несмасност, јас се смеам на дождот, кој секогаш беше присутен. Што е со чувствата и зошто беа толку испреплеткани. Дали само јас бев колекција на неразбрани чувства и замисли или тоа беше карактеристично за луѓето?

Ме прегрнуваш во една прегратка полна со емоции. Сакам да ти речам не оди си, остани, ми требаш. Нешто ми вели остави, животот има свој тек. Се прашувам дали кога ќе заминеш ќе се завртиш, за да провериш дали сум се изгубил во хоризонтот. Дали воопшто ти ги имаше истите мисли или јас бладав во сопствените илузии?  

Како човек може да знае кога навистина се родила љубовта, постоеше ли љубовта воопшто во овој свет на материјалности?

Се ценеше ли искреноста и чистата невина душа која само се обидуваше да стигне до ѕвездите или сè беше ја изгубило својата вредност?

Си шепотам, „Ахх” со твоето име во продолжение преколнувајќите за секое бранување на моите клетки. Те сакав и не можев против тоа. Кој  знае можеби во друго време, кога повторно ќе се најдат нашите погледи, работите можеби ќе дојдат на свое место.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg