18 работи кои секоја девојка мора да ги направи пред да се омажи
Пред да ветите некому да се будите до него до крајот на животот, прво треба да бидете сигурни дека сте ги виделе сите бои на животот и вистински сте грабале од него.
Пред да стапите во брак, треба прво да го искусите животот со полн здив.
Работи кои секоја девојка треба да ги направи барем еднаш пред да се омажи:
- Да отиде на состанок на слепо.
- Да појде на неколкудневно патување со исклучен телефон.
- Да изгледа филм во кино сама.
- Да отиде со другарки на кампување во недопрена природа.
- Да се бакнува на дожд.
- Да бакне комплетен странец во јавност.
- Да му се додворува прва на некое момче.
- Да танцува на шанк како никој да не ја гледа.
- Да му даде втора шанса на некој во нејзиниот живот.
- Да направи нешто од кое се плаши.
- Да ѝ биде скршено срцето и да скрши нечие срце.
- Да научи да готви, тестенини не се важат.
- Да стори нешто за кое си ветила дека нема да го стори.
- Да си купи себеси цвеќе.
- Да појде сама на патување на нетипично место.
- Да се состанува со некој што не ѝ е според „стандардите.“
- Да се забавува цела ноќ, иако утрото има обврски.
- Да научи да се сака себеси на секој можен начин.
С. С. | Црнобело