17 лаги кои мажите најчесто ги кажуваат кога се во врска
Помирени сме со тоа дека не постои човек кој не излажал, посебно кога лагата е поврзана со љубовната врска во која се наоѓа.
Откако жените открија за што најмногу лажат на почетокот на врската, сега и мажите ги споделуваат 17-те најчести лаги кои ѝ ги кажуваат на својата понежна половина.
„Можеме да се вратиме во продавницава кога сакаме, ајде, не мора сега да купиш сè.“
„Да? Баш интересно!“
„Баш сакам кога излегуваме со твоите пријателки...“
„Косата/шминката ти изгледа супер!“
„Извини... Во право си.“
„Никогаш не сум помислил на бившата откако сум со тебе.“
„Нема да задоцнам!“
„Во ред е, и онака сакам само да те гушкам.“
„Во ред, нема повеќе да те задевам на таа тема.“
„Ми недостасуваш.“
„Не ми е грижа ако ми земеш од храната, повели.“
„Добар сум, ништо не ми е.“
„Твојата пријателка е згодна? Не сум забележал.“
„Го обожавам твоето семејство.“
„Нема да заглавам до доцна.“
„Ќе си легнам, добра ноќ.“
„Воопшто не се грижам кога си излезена со пријателките.“
М. Д. | Црнобело