14 работи за кои жените најмногу лажат на почетокот на врската
Секако дека љубовните врски понекогаш знаат да бидат и тешки, а во такви ситуации често се случува да излезе по некоја лага од еден од партнерите.
Многумина веруваат дека мажите се оние кои повеќе се способни за лажење, но всушност и жените го прават тоа многу често, посебно на почеток на врската.
Според истражувања и мислење на психолозите, постојат одредени работи за кои повеќето жени лажат во почетните фази на љубовната врска.
Во продолжение, погледнете за кои лаги станува збор:
1. Жените лажат за тоа со колку мажи биле претходно.
2. Не се целосно искрени за тоа што нејзините родители мислат за врската.
3. Лажат за тоа колку машки пријатели имаат.
4. Не кажуваат дека сте им замена за преболување на бившиот.
5. Лажат дека се целосно природни пред вас и дека нема ништо што прават на само.
6. Доколку се работи за онлајн запознавање, се преправаат дека се такви какви што се на фотографии.
7. Велат дека ве поддржуваат целосно во спортот – но никогаш не наоѓаат време за да дојдат на натпревар.
8. Кога ќе кажат дека се готови за 5 минути – најчесто лажат.
9. Кога ќе кажат дека не им е ништо – сите знаеме дека е лага.
10. Не кажува дека не е при пари и ги исполнува сите желби и авантури кои ќе ги понудите.
11. Кажуваат дека не сакаат да избрзуваат, а веќе се луди по вас и замислуваат свадба.
12. Велат дека ги сакаат вашите пријатели, а пред своите пријателки зборуваат лошо за нив.
13. Глумат резервирани и скромни кога ќе им купите нешто што очекувале да им го подарите.
14. Велат дека не им е гајле за вашите женски пријателки, а во себе се јадат од љубомора.
М. М. | Црнобело