4 полово преносливи болести од кои може да се заразите, дури и ако користите заштита
Основната задача на презервативот, покрај тоа да ве заштити од несакана бременост, е заштитата од полово преносливи болести и инфекции. Сепак, шансите за тоа никогаш не се стопроцентни.
Проблемот е во тоа што не сите болести се пренесуваат само преку телесните течности, туку и преку допирот на кожата. Тука презервативот не делува.
Па, важно е да ги знаете 4-те полово преносливи болести од кои може да се заразите дури и ако користите презерватив. Уште поважно е редовно да се тестирате и да одите на прегледи.
1. Генитален херпес
Во овој случај апстиненцијата е најсигурно решение.
2. ХПВ
Некои типови на ХПВ вирусот може да предизвикаат брадавици, но некои немаат никакви видливи знаци. Tоа не значи дека се помалку опасни.
3. Срамни вошки
Ова не е вообичаена и честа болест, благодарение на хигиената која денес ја водиме. Меѓутоа, доколку постојат, никаков тип на заштита не може да го спречи нивното ширење.
4. Сифилис
Случајот е ист како кај гениталниот херпес – презервативот не ве штити доколку дојдете во допир со заразениот дел (кој не секогаш мора да е на половиот орган.)
М. Д. | Црнобело