10 ситници за кои треба да ѝ заблагодарите на саканата личност веднаш

Заблагодарете ѝ што е тука за вас дури и во вашето најнеподносливо издание.

10-mali-raboti-za-koi-treba-da-i-zablagodarite-na-sakanata-lishnost-vednash-01.jpg

Не земајте го нејзиното присуство во вашиот живот здраво за готово, ниту пак работите што ги прави за вас.

Саканата личност од време навреме има потреба да чуе по некое благодарам од вас.

Кажете ѝ веднаш...

- Ти благодарам што веруваш во мене, особено во деновите кога јас не си верувам.

- Ти благодарам што ми велиш дека сум убав/а и во најлошото издание со подочници.

- Ти благодарам што мислиш дека сум секси дури и кога носам „депресивни“ сиви пижами или пижами со некој Дизни лик.

10-mali-raboti-za-koi-treba-da-i-zablagodarite-na-sakanata-lishnost-vednash-02.jpg

- Ти благодарам што ми ги слушаш маките од работа, кога и ти си имал/а подеднакво стресен ден.

- Ти благодарам што ми ги поддржуваш одлуките да направам промена во кариерата и што си возбуден/а за секое мое ново работно место.

- Ти благодарам што правиш напори да си во совршени односи со моето семејство, иако некогаш се гласни и тешки за поднесување.

10-mali-raboti-za-koi-treba-da-i-zablagodarite-na-sakanata-lishnost-vednash-04.jpg

- Ти благодарам што ги сакаш деловите од мене, кои дури и јас ги мразам, и ми помагаш да успеам да си ги засакам.

- Ти благодарам што правиш дури и сивите делови од животот да изгледаат како авантура.

- Ти благодарам што секогаш си искрен/а кога ќе те прашам за мислење.

- Ти благодарам за тоа што си - тоа што си.

10-mali-raboti-za-koi-treba-da-i-zablagodarite-na-sakanata-lishnost-vednash-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg