Мажите откриваат: Работи кои не ги интересираат, иако жените се потресуваат за нив
Секој има нешто со што не се гордее и заради што е несигурен, посебно кога се работи за девојките.
Тие постојано се оптоваруваат со секој детаљ од нивниот изглед и со секоја друга ситница која мислат дека на мажите им пречи.
Но, всушност, некои од тие работи, мажите дури не ги ни забележуваат, или пак, им се допаѓаат.
Тие споделуваат кои се несигурностите на жените со кои тие се соочиле, а за кои воопшто не им е грижа:
„За сè се несигурни. Немојте да бидете несигурни. Оригинални сте. Прифатете го тоа.“
„Не ми пречи ако сите девојки се бледи. Солариумот е одвратна работа.“
„Тие се грижат за тоа како изгледаат без шминка. Јас мислам дека така изгледаат уште подобро.“
„Лоша коса, неуредна фризура. Сеедно ми е.“
„Тие се несигурни за витканата коса. Посакувам сите жени да ги истакнуваат локните наместо да ги пеглаат.“
„Тоа колку време мојата бивша и некои од моите пријателки посветуваат на веѓите затоа што не им се допаѓале е лудост. На момците воопшто не им е гајле, а дури и да го правите за себе, не треба да доаѓате до момент кога сте несигурни и се грижите заради нив.“
„Несигурни се во врска со стареењето. Не зборувам за предвремени брчки. Туку за тоа што стануваат несигурни за бројката на нивните години.“
„Несигурни се за начинот на кој луѓето ги доживуваат. Смачено ми е да се гледам со девојки што не прават нешто зошто го сакаат, туку за туѓото мислење.“
„Некои девојки имаат поголеми носеви и не си ги сакаат. Не можам да го разберам тоа.“
„Звукот што се испушта кога одат во тоалет. Премногу жени се срамат од тоа. Сериозно, со некои од нив не можам ни да се приближам до вратата бидејќи се плашат дека ќе ги слушнам. Кој се замара со тоа?“
М. М. | Црнобело