Таа ме лажеше дека тој не постои

Понекогаш знаев да опцујам на сопствена сметка и да ја проколнам мојата добронамерна душа, бидејќи често пати ме носеше во ситуации кои ќе ме натераа да платам за сè што не сум крив, а единствено нешто што посакував беше да изиграм расипано како половина од светот.

taa me lazese deka toj ne postoi 01

Неа ја запознав пред година дена, кога ни се сретнаа погледите, случајно, како и многу работи на овој свет. Се запознавме подоцна со една скромна вечера, две чаши вино покрај огнот и порција со двата специјалитети на куќата. Јас платив сè, како и секогаш, така бев научен.

Од тој ден започнавме интензивно да се гледаме и веќе тој еден поглед прерасна во врска, каде што таа беше принцезата на која јас сè и удоволував, а јас почнав да станувам сè помалку важен во целата таа приказна. Луѓето забораваат да не го прават она што не сакаат да им биде направено.

Имав некој гнев во себеси, зошто дозволував мојата наивна душа да биде така искористена?

Таа не сакаше јас да зборувам за моето потекло, само поради тоа што јас не бев од метрополата, таа не носеше какви било чевли или чанти, само брендирани, таа не пиеше евтини вина и не сакаше јас да ја возам мојата кола која сум ја купил на старо. Таа не сакаше ништо што беше под нејзиното ниво, но таа не сакаше да работи, сакаше другите да работат за неа.

Колку што беше средена надворешно, толку и беше скапана душата одвнатре, но ние луѓето често ги игнорираме тие црвени знаменца кои се јавуваат на почетокот, кои ти велат „Бегај од тука!”, за подоцна тие истите да станат главната причина која ќе предизвика разделување.

Покрај сите патувања, подароци, изненадувања, целото мое внимание и врската во која таа кажуваше дека верува слепо, таа имаше друг. Иако низ солзи кажуваше дека никогаш не би ме изневерила, колнејќи се дури и во сопствената фамилија.

Лажеше дека тој не постои, но тој беше поприсутен во нејзиниот живот повеќе отколку јас самиот, потпишан со срценце во нејзиниот телефон. Тој беше вечерниот другар за допишување на вибер и причината која ја тераше да ме оттурнува од себеси. Тој беше нејзината зајадувачка порака која гласеше - „кога ќе се сретнеме?”

Додека јас ги потев рацете за да ги обезбедам нејзините викенд патувања до познати локации од светот, како и летните и зимски одмори, таа ја валкаше нашата постела, во станот за кој јас плаќав кирија, потејќи се со некој друг. Потоа ќе ме погледнеше во очи, како да не било ништо, тој беше само издувен вентил, кој требаше да ме замени мене додека ме немаше, сето тоа за неа беше нормално и ѝ правеше полесно на нејзината испревртена психа.

Како после тоа да веруваш некому?

Јас не би си зел за право да ги ставам сите во исти кош, има и многу исклучоци, но како што изминуваше животот налетував на луѓе кои беа желни да искористуваат, се додека го добиваат целото внимание и грижа. Не знаеја да ценат, не знаеја да сакаат, бараа нешто, ни самите не знеја што и во целата таа потрага, правеа непромислени грешки кои го валкаа нивниот образ и нивното име или можеби едноставно дозволуваа да исплива нивниот плиток карактер.

Посакувајќи да бидат нешто што никогаш нема да можат сами, стануваа заложници на перверзни постапки и нечисти мисли. Се губеа себеси во својот лавиринт на неспособноста и трагаа по слаткиот грев, кој порано или подоцна ќе биде откриен.

Јас не губев ништо освен времето, но тие ја губеа самопочитта станувајќи мивки за една ноќ, на некој кој утре ќе ги шутне штом ќе наиде подостапна прилика за валкан секс. Јас стекнував искуство и учев како не треба, а тие етикета, која тешко дека некогаш ќе се откине. Жалосно беше да се гледа создавањето на една неморална жена, според моите сфаќања секоја жена можеше многу подобро од тоа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg