Вистини кои секој пар треба да ги знае за љубовта да трае подолго
Никогаш не е доста од учење нови работи за љубовта и трикови за успешна врска.
Колку и да ви оди во љубовниот живот, сепак е добро да знаете нешто плус, за тоа засекогаш да остане така.
За среќна врска, потребно е двајцата партнери да вложат труд и неопходно е да живеат во здрава емоционална средина.
Научниците правеле многу истражувања и работеле напорно за сега да може да се состават неколку тајни за успешна љубов.
Научно базирани факти кои треба да ги знаете за врската да ви трае подолго:
Љубомората е во вашите гени
Научниците откриле дека 1/3 од вашата наклонетост кон љубомората има генетско потекло. Нема сомнеж дека другите 2/3 зависат од фактори во околината и различни случувања во текот на животот.
Начинот на кој реагирате за предавство од партнерот, зависи од начинот на кој сте воспитани, од луѓето, како и случувањата околу вас.
Сооднос за среќен пар
Џон Готман, експерт за врски, спровел истражување во кое ги изучува навиките на паровите за да ја разбере разликата помеѓу среќните и несреќните парови.
Експериментот бил едноставен – побарале од двојките да решат конфликт за 15 минути.
Истражувањето покажало дека оние кои се во здрава врска имаат „магичен сооднос“ што прави љубовта да трае.
Врската е стабилна ако паровите имаат 5 позитивни интеракции за секоја една негативна за време на конфликт.
Негативни моменти во конфликти вклучуваат критикување, бранење или негативен говор на тело, како превртување со очи.
Среќните двојки се справуваат со конфликтот понежно и се обидуваат да одржат блискост и позитивно однесување за време на решавањето.
Значењето на пријателството
Истражувањата покажуваат дека емоционалната врска е многу важна за задоволство во бракот и може да се смета за 70% од среќата на паровите.
Па, ако сакате врската да ви биде стабилна, мора да размислите како да го подобрите квалитетот на вашето меѓусебно пријателство.
Се смета дека најчеста причина за развод е губењето на чувство за блискост, па затоа не заборавајте на одржување на блискоста и гледајте го партнерот како најдобар пријател.
Врската може да ве здебели
Според нови научни истражувања, докажано е дека луѓето кои се во врска имаат поголеми шанси да ја зголемат својата тежина.
Повеќето од нив како причина за тоа го наведуваат фактот дека веќе не мора да се трудите да изгледате толку привлечно, бидејќи партнерот секако ве сака.
Немаат кого да импресионираат и почнуваат малку да се запуштаат. Плус, кога доаѓаат децата на ред, тешко е толку да се внимава на исхраната и одржувањето на формата.
Споделување смеа
Според некои психолози, смеата игра важна улога за успешна врска. Паровите кои сакаат да поминуваат време заедно посветувајќи се на позитивни настани се чувствуваат позадоволно.
Заедничкото смеење е меѓу првите три места на кои се наведуваат причините за среќна врска.
Речиси 80% од учесниците во истражувањето дека се смеат заедно со партнерот барем еднаш во денот, или повеќепати.
Поделени домашни обврски
Според истражувањата, делењето на домашните обврски е многу важно за врската да опстане.
Единствениот фактор кој учесниците го оцениле како повисок е среќна сексуална врска.
Оние кои секојдневно си ги делат домашните обврски се чувствувале повеќе поддржано и задоволно во љубовниот живот.
Почитувајте ја работата на партнерот и помагајте вложувајќи и вие труд.
М. М. |Црнобело