Машки ставови: Кога е во ред да ја лажеш девојката?
Поради мир во домот, или, пак, за да не ги повредат чувствата на понежната половина, мажите неретко мислат дека подобро е да премолчат одредени детали, или, пак, да се послужат со мали и безопасни лаги, одошто да кажат нешто кое може да биде повод за расправија.
Во кои ситуации, според нив, оправдано e да не ѝ се каже вистината на партнерката? Кога лажењето и не така лошо за врската, по мислење на посилниот пол?
Запрашани да посочат за што им е сосема во ред сосема во ред да ја излажат девојката со која се заедно, неколку мажи ги дадоа следните искрени одговори:
„На ниту една девојка ѝ го немам кажано точниот број на партнерки со кои сум бил пред неа. Мислам дека нема смисла. Ме прашале речиси сите, но секогаш исмислувам цифра што не е ни близу до вистинската.“
„Доколку ме праша дали мислам дека се здебелила, секогаш знам кој е точниот одговор. Без оглед на реалната состојба. Истото важи и кога ќе ми побара мислење за нејзината нова фризура, облеката или другарките. Тоа се ситуации во кои жените едноставно не сакаат да ја слушнат вистината.“
„Секојпат кога ќе ја сретнам бившата во теретана, тоа го премолчувам пред сегашната девојка. Знам дека e потполно бесмислено, но ако ѝ споменам, неизбежно ќе дојде до кавга.“
„Ја лажам дека ми се допаѓаат подароците што ми ги купува, а во суштина, мошне ретко е навистина така. Но, таа премногу се труди околу нив, па незгодно ми е да ја разочарам.“
„Лажам дека имам работа кога немам желба да се видам со неа. Понекогаш само сакам да бидам сам. Меѓутоа, знам колку би ја повредило ако ѝ го кажам ова.“
„Сексот ни е секогаш совршен, независно од тоа колку бил добар или лош.“
M. A. | Црнобело