На какви жени „паѓаат“ мажите кои се во брак?
Жените речиси никогаш не успеваат да ги разберат мажите, а ништо помалку валидна не е и обратната ситуација. Не залудно се рекло дека мажите и жените се од различна планета.
Сепак и после неколку години заеднички живот се случува еден од партнерите да „скршне“ по нова авантуристичка патека.
Речиси никогаш не може да се генерализираат причините за ваква одлука, но сепак истражувачите постојано презентираат различни истражувања зошто е тоа така.
Многу често жените си го поставуваат прашањето зошто нивните мажи ги изневеруваат со други жени?
Иако би било апсурд да се генерализира одговорот на ова прашање, истражувачите кажуваат дека најголем број од мажите „паѓаат“ на следниве неколку типови на жени:
Жена пријател
Мажите речиси секогаш имаат желба за жена која што во целост ќе ги разбере нив и нивните потреби.
„Жена која не осудува и е отворена за разговор на секоја тема, е всушност жена од соништата.“, одговорил еден од испитаниците кој што смета дека жените кои пружаат безрезервна поддршка се неодоливи и го добиваат вниманието од речиси секој маж.
Многу често се случува сопругите да не ги поддржуваат своите партнери за некои нивни размислувања и постапки, па некои од нив решението за овој проблем го наоѓаат во прегратките на друга жена.
Жена за играње игри
Мажите се палат на интересни и спонтани жени, па многу често некои од нив бракот го поврзуваат со одговорности и задолженија без разлика колку добро и да се согласуваат со партнерката.
За да избегаат од оваа рамка, некои мажи излегуваат од својата комфорна зона на начин што наоѓаат девојка со детско однесување, која е подготвена по цел ден да игра видеоигри и да гледа фудбал.
Независна жена
Можеби звучи смешно, меѓутоа мажите кои што се во брак најчесто „паѓаат“ на независни жени. Генерално тоа е тип на жена која што нема обврски околу децата, има доволно време за да си се посвети на себе си и најважно од сѐ - не и треба маж за да ја смени сијалицата!
Ова можеби звучи како парадокс, меѓутоа веројатно вие сте биле таква личност пред да се омажите за него.
Среќна жена
Женетите мажи сакаат среќни и насмеани жени. Во принцип главната причина за неверство во ваков случај е следнава: „Ако не можам да ја направам жена ми среќна, ќе најдам некоја што ќе биде среќна со мене без разлика на сѐ.“
Жена со различни особини
Ова е можеби една од најрелевантните причини за неверство, ако и воопшто постојат такви. Во ваквите ситуации поради неверство доаѓа единствено поради тоа што на сопругот му е потребно нешто сосема поразлично од неговата досегашна партнерка.
Па, со оглед на тоа што секој од нас се менува со текот на годините, не е воопшто невообичаено да се променат и нашите лични интереси, дури и кога е во прашање изборот на животен или љубовен партнер.
С. У. | Црнобело