По мислење на мажите: Каква е идеалната жена?

Вкусовите се различни, но одредени квалитети на девојките, не ги оставаат рамнодушни повеќето фраери.

po-mislenje-na-mazhite-kakva-e-idealnata-devojka-1.png

Независни. Моќни. Паметни. Способни. Бестрашни. Убави. Секси. Отмени. Безобразни. Духовити. Кокетни.

Постојат низа придавки кои може да им ги припишете на жените што ги покоруваат машките срца. Но, што точно има да каже посилниот пол на оваа тема? Има ли атрибути кои имаат посебна тежина во нивните очи? Дознаваме од прва рака.

po-mislenje-na-mazhite-kakva-e-idealnata-devojka-3.jpg

Запрашани да откријат какви девојки најмногу сакаат, односно како според нив изгледа совршената партнерка, повеќемина мажи го дадоа своето лично мислење.

Во продолжение, прочитајте ги нивните оригинални и искрени дефиниции за идеалната жена:

„Грижлива пријателка. Вредна и уредна жена. Ѓаволица во кревет.“

po-mislenje-na-mazhite-kakva-e-idealnata-devojka-4.jpg

„Мојата совршена жена има очи како летечки чинии. Големи и блескави. Во нив го губам патот, но ја пронаоѓам среќата.“

„Згодна, стабилна и моја вечна поддршка. Девојка која толерира глупости.“

po-mislenje-na-mazhite-kakva-e-idealnata-devojka-5.jpg

„Знае дека ја сакаш и не го искористува тоа.“

„Моќна во духот, нежна, женствена, страствена, сензуална, сексуална и интелигентна. Да може да се разговара со неа.“

po-mislenje-na-mazhite-kakva-e-idealnata-devojka-6.jpg

„Се трудиш да ја заслужиш.“

„Ноќе е дива тигрица, дење е божествена светица. Сакам кога ми допушта да ѝ ја подарам сета своја љубов.“

po-mislenje-na-mazhite-kakva-e-idealnata-devojka-7.jpg

„Те прави подобра, посилна и посреќна личност, иако тоа воопшто не ѝ е свесна намера. Те засмејува и кога не ти е до смеа, а и ти нејзе се трудиш да ја насмееш во секоја прилика.“

„Супер девојка за мене е онаа што те насочува во животот. Те турка во правци за кои ни самиот не си знаел дека можеш да отидеш. А, во исто време, те спречува да ги правиш работите за кои не си способен.“

po-mislenje-na-mazhite-kakva-e-idealnata-devojka-8.jpg

 „Забавна, вредна, опуштена, паметна и друштвена.“

„Идеалната жена?! Да биде згодна и паметна, интересна и мудра, плус духовита. Девојка што умее да се напие и која нема да ми дрдори дека домот ни мириса на цигари. Партнерка со која ќе гледаме серии и филмови, ама и спортски натпревари заедно. Таа на која не ѝ е целиот живот веќе испланиран, туку многу одлуки ги носи во моментот. “

po-mislenje-na-mazhite-kakva-e-idealnata-devojka-9.jpg

„Мојата девојка."

„Не постои ни идеална жена, ниту идеален маж. Вистинската цел е се најде некој што знае да сака, наспроти сите наши маани.“

po-mislenje-na-mazhite-kakva-e-idealnata-devojka-10.jpg

„Интелигентна, искрена, спремна на компромис, отворена и позитивна. Да ги поддржува моите цели, но да си има и свои. Не мора да биде преубава, но мора да ми одговара на мојот менталитет. И да биде барем прилижно луда како мене.“

„Жената која не се плаши да биде поинаква и да ја покаже ранливата страна. Да се разликува од куклите на Инстаграм. Тие се и онака само за гледање.“

po-mislenje-na-mazhite-kakva-e-idealnata-devojka-11.jpg

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg