Љубовни совети од кои им е преку глава на слободните девојки

Сингл. Сама. Соло. Значењето е едно – таа е жена која моментално нема маж покрај себе. Кога би ги слушала сите „добронамерни“ зборови од дежурните душегрижници, голема е веројатноста дека никогаш нема ни да го промени статусот.

ljubovni-soveti-od-koi-im-e-preku-glava-na-slobodnite-devojki-1.png

„Боже, колку си убава! Како е можно ти да немаш дечко?!“, веројатно е најчестото прашање кое секоја млада и прекрасна дама го слуша, откако некому ќе соопшти дека моментално не е во врска.

Па, во даден миг, неизбежно следува и констатацијата: „Можеби проблемот е до тебе...“.

А, колку подолго сте сингл, односно немате партнер покрај себе, толку е поизвесно дека вашата „вина“ ќе расте во туѓите очи.

ljubovni-soveti-od-koi-im-e-preku-glava-na-slobodnite-devojki-2.png

Не дека нема банални изговори со кои одредени жени се служат за да си го оправдаат животот во соло варијанта.

Меѓутоа далеку поглупави се инструкциите на тема: „Зграпчи го првиот на кој ќе налеташ!“, како да личноста е недоветна, па не умее самата да проговори или да се избори за срцето на спротивниот пол.

Постојат совети кои може да ви бидат корисни за романтичните состаноци и средби. Меѓутоа, има и такви кои не само што не се полезни, туку се и тотално иритантни. Патем, дел од нив се и крајно контрадикторни, па си противречат едни на други.

ljubovni-soveti-od-koi-im-e-preku-glava-na-slobodnite-devojki-3.jpg

Ова се љубовните совети од кои им е преку глава на слободните девојки:

„Почекај пред да му се јавиш!“

„Тој тебе ти ѕвони? Не му кревај веднаш! Нека те бара пак.“ и  „Ти пишал на Фејсбук? Остави го на „seen“. Подоцна ќе му одговориш.“, се мал дел од сличните совети.

Со други зборови, секогаш треба трпеливо да чекате, глумејќи недостапни. Ниту девојката „прерано“ да го побара, ниту пак „пребрзо“ да му возврати на додворувачот или симпатијата. Во спротивно, тој можеби ќе си помисли дека таа е презагреана, па дури и очајна. А, ова не би го сакала ниту една жена, зар не? Ужас! Се разбира дека не е така.

Везден сме со паметните телефони во раце, па кога имате желба некому да му се јавите, тоа треба и да го направите.Ако не го израдува вашиот глас или порака, тогаш подобро е воопшто да не се плеткате со него. Истото важи и во спротивниот случај.

ljubovni-soveti-od-koi-im-e-preku-glava-na-slobodnite-devojki-4.jpg

„Спушти ги малку критериумите!“

Дури и ако девојката има јасна визија за својот иден партнер, не е на одмет да се даде шанса на врската со маж, којшто можеби не ѝ одговара 100%.

Додуша, и во таков случај, таа мора да остане верна на темелните критериуми. Значи, станува збор за внатрешните вредности, како што се искреноста, верноста или смислата за хумор.Доколку се пронајдете на иста бранова должина, тогаш може малку и да попуштите, па да му прогледате низ прсти за останатото.

Во спротивно, нема баш никаква смисла да завршите во кревет со некој што ни малку не ви е привлечен, или, пак, да бидете во врска со партнер кој воопшто не ви одговара.

ljubovni-soveti-od-koi-im-e-preku-glava-na-slobodnite-devojki-5.jpg

„Цело време се палиш на лоши момци.“

Кога клишеата би ги тргнале  настрана, мал е бројот на девојки што намерно бираат таков партнер.

На која нормална и достоинствена жена би ѝ се допаднал „фраерот“ што се однесува како егоистична свиња?!

Вистината е дека и таа, баш како и сите останати, сака силен, доверлив и стабилен маж покрај себе. А, сите правиме грешки, зар не?

ljubovni-soveti-od-koi-im-e-preku-glava-na-slobodnite-devojki-6.jpg

„Кога ќе престанеш да бараш, тогаш и ќе пронајдеш некого.“

Можеби и ќе случи по некоја игра на случајот. Меѓутоа, има еден важен момент.

Ако постојано се движите во истиот круг на луѓе и излегувате на истите места, шансата дека ќе пронајдете некого драстично се намалува.

ljubovni-soveti-od-koi-im-e-preku-glava-na-slobodnite-devojki-7.jpeg

„Ако навистина му се допаѓаш, секако ќе ти се пушта.“

Но, што ако таа не покаже никаква заинтересираност? Одговорот е: ретко кој маж до бесконечност ќе се обидува да изгради нешто повеќе со таква личност.

Глумењето непристапност некогаш функционира. Меѓутоа, на долги патеки, го вклучува и ризикот да ја загубите личноста чие присуство ви годи.

Доколку е ОК дечко и сакате да го освоите, потребно е и вие да го заведувате. Се разбира, сѐ со мера и стил. И, преоѓаме на следната точка...

ljubovni-soveti-od-koi-im-e-preku-glava-na-slobodnite-devojki-8.png

„Мажот мора да го направи првиот чекор!“

Зошто да не и жената? Ако некој лик навистина ви се допаѓа, тогаш е сосема во ред да му пријдете, да се запознаете и да поразговарате.

ljubovni-soveti-od-koi-im-e-preku-glava-na-slobodnite-devojki-9.jpg

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg