Зошто некои мажи ги возбудува да ја гледаат својата жена во кревет со друг?
Списокот на сексуални трендови е прилично долг. Меѓутоа, за еден од нив малку се зборува, иако таквата фантазија е и тоа како раширена во реалноста.
„Cuckolding“ е називот на сексуалната игра во која партнерот ја набљудува сопствената жена, или, пак, девојка, додека таа има интимни односи со друг маж. Во повеќето сценарија, тој е „принуден“ да сведочи за нејзиното неверство, по претходна согласност на останатите учесници во играта.
Истражувањето на Универзитетот од Бостон открива дека „cuckolding“ е вториот најпребаруван поим на порнографските страници. Очигледно е дека многумина потајно ги возбудува, иако тоа не сакаат да го признаат. А, зошто е така?
Споменатата сексуална игра се одвива првенствено во цврстите врски. Притоа, ткн. „cuckold“ е мажот што сака да ја гледа жена си со друг во кревет. Честопати, ваквата желба се развива кога партнерот смета дека не може да ја задоволи жената во доволна мера.
Втората веројатност, пак, зошто некои мажи се склони кон овој фетиш, па сакаат и да го испробаат, лежи во фактот што тие мислат дека нивниот пенис е премал.
Претпоставката дека другиот маж ќе ја задоволи нивната жена на начинот на кој самите не можат – а тие ќе го набљудуваат тоа – силно ги „пали“ љубителите на актуелниот тренд во сексот.
Третата можна причина за оваа фантазија, претставува конкурентската борба, која исто така ги возбудува припадниците на посилниот пол. Наводно, мажите кои се „борат“ со други мажи за својата партнерка, произведуваат поголема количина на сперма – како би се наметнале.
А, се наметнува и прашањето: Што ако партнерот ви предложи да му ја исполните ваквата желба? Одлуката е на жената.
Меѓутоа, она за што обајцата партнери мора да бидат свесни е дека фантазијата е едно, а реалноста претставува нешто сосема друго. Оттука, нужно е добро да ги разграничат, пред да се впуштат во овој тип на авантура.
За време на играта, не е исклучена можноста партнeрот да стане љубоморен, па да дојде до голема расправија, или, пак, дури и прекин на врската.
На позитивната страна, пак, утврдено е дека покрај сексуалното задоволство, може да придонесе кон зголемување на довербата во врската, а намалување на потребата за тајно изневерување на партнерот. Впрочем, стапката на прељуби кај таквите двојки е исклучително ниска.
Сепак, се поставува моралната дилема: што точно е неверство во овој случај?
М. А. | Црнобело