15 женски постапки заради кои мажите почнуваат да ги губат емоциите
Не е реткост и најсовршената неколку-месечна врска одеднаш да се олади и да стане поголем товар, отколку задоволство.
Зошто мажите ги губат емоциите „преку ноќ“?
Ништо не се случува преку ноќ, само тоа треба да го запаметите. Веројатно се работи за барем една, или збир од повеќе ситуации кои го натерале да ги загуби емоциите.
15-те најчести причини кои го тераат да се сомнева во успехот на вашата врска, се следниве:
1. Испраќате мешани сигнали и покажувате интерес за други лица.
2. Константно го игнорирате кога би требало да му го чувате грбот.
3. Повторувате едни исти грешки заради кои полека ја губите неговата доверба.
4. Му ја нарушувате самодовербата, намерно или ненамерно.
5. Го користите заради неговото име, парите или физичкиот изглед.
6. Одбивате да се согласите и зближите со луѓето кои него му се важни.
7. Глумите „премногу тешки за задоволување“ и го терате да се докажува пред вас.
8. Премногу зависите од него.
9. Се однесувате љубоморно и параноично без причина.
10. Играте топло-ладно.
11. Му покажувате дека не сте добра личност.
12. Го спречувате да ги прави работите кои го прават среќен.
13. Имате различни морални вредности.
14. Го лажете за секакви ситници.
15. Го криете вашето вистинско лице.
М. Д. | Црнобело