5 мажи кои треба да ги избегнуваат девојките со скршено срце
Прекинот на врската не е никогаш лесен. Сеедно што била причината за неславен крај на љубовта, разделбата од саканата личност секогаш боли. А, среде емотивниот бродолом, мноштво жени прават грешка при изборот на нареден партнер.
Збунети од сопствените чувства, многу од нив бараат утеха во туѓата прегратка, трагајќи по нова љубов на сосема погрешна адреса. Избрзуваат, па длабоко се каат подоцна.
А, петте мажи кои треба да ги избегнуваат девојките со скршено срце се:
1. Класичниот женкар кој собира трофеи
Мажот за кого со сигурност знаете дека го следи репутација на класичен женкар, единствено ќе настојува да ви се вовлече во гаќичките. Во играта на освојување, тој ќе биде најслаткиот и најшармантниот дечко на светот.
Meѓутоа, факт е дека големи се шансите дека и вие, баш како и многубројни други жени претходно, за него претставувате само уште еден трофеј. А, кога набрзо ќе му здосадите, ќе се чувствувате несреќно и искористено. Накратко - паѓањето на овој тип на фраер е мошне лоша идеја.
2. Мажот што сѐ би дал да биде со вас, но вам не ви е баш интересен
За волја на вистината, тој воопшто не ве интересира. Немојте на сиромашкиот да му влевате лажна надеж, само затоа што ви треба некој што повторно ќе трепери околу вас. Вие ќе се опоравите од раскинувањето многу порано одошто мислите, а тогаш неговото внимание нема да ви биде доволно. Ќе посакате и хемија, пеперутки во стомакот, страст.
Па, кога ќе сфатите дека тоа не постои помеѓу вас, само ќе му го скршите срцето. И на крајот, обајцата ќе се чувствувате лошо.
3. Вашиот најдобар другар
На кого бившиот дечко, патем, честопати знаел да биде љубоморен во минатото. Тој ќе ви биде потпора по раскинувањето, ќе му плачете на раменици и заедно ќе го озборувате поранешниот партнер. Ќе ве теши дека вие всушност заслужувате многу подобро и дека тој и не бил баш квалитетен материјал за вас. Ќе биде сладок и мил, како и полн со љубов и утеха.
Но, не ни помислувајте дека тоа е флертување. Последната работа која ви треба е да го загубите и најдобриот другар, или, пак, трајно да си го уништите пријателството, само заради еден миг на слабост или лудост.
4. Фраерот кој изгледа како клон на бившиот
Заборавете и на момците кои ве потсетуваат на поранешниот партнер. После раскинувањето, ќе сакате што поскоро да го преболите бившиот дечко, а тоа тешко ќе ви оди од рака доколку се сплеткате со некој што премногу наликува на него. Време е да испробате нешто ново и поинакво.
5. Пријателот на поранешниот дечко
Можеби неговиот пријател отсекогаш ви бил сладок и привлечен. А, можеби и имате желба да се „смувате“, за на некој начин да му се одмаздите на бившиот. Во секој случај, тоа не ништо друго, освен уште една лоша идеја. Како прво, од самиот старт имајте на ум дека мала е веројатноста за двајцата да завршите заедно. Вистинскиот пријател нема да се плетка со некогашната девојка на својот најдобар другар.
Како второ, пак, со таквото однесување, на поранешниот дечко само му давате до знаење дека и понатаму ви е битен, но и дека сте огорчени, лути и осветољубиви. Ако навистина постои хемија помеѓу неговиот пријател и вас, почекајте барем некое време, додека нештата малку не се оладат.
М. А. | Црнобело