Си го допира лицето, ја поправа фризурата: Знаци кои покажуваат дека тој е „луд“ по вас
Мажите ретко зборуваат за своите чувства, но како што постојат знаци кои покажуваат дека жената е „луда“ по некого, така има знаци кои ги издаваат и мажите.
Па, ако сакате да дознаете дали на некого му се допаѓате и има чувства за вас, само треба да го гледате неговото однесување во ваше присуство.
Според психолозите, говорот на телото може целосно да го открие мажот и неговите чувства кон вас.
Следниве трикови ќе ви помогнат да дознаете дали тој е „луд“ по вас:
Тој слуша и памти
Ако му се допаѓате, тој ќе сака да знае сè што е поврзано со вас – секој детаљ и приказна, дури и ако е најнезначајно нешто. Тој ќе запомни сè што се кажале до ситница.
А, кога тој внимателно ве слуша, неговата глава е малку наведната настрана. Ако во текот на разговорот продолжи да ја држи така главата, тој е фасциниран од вас. Ако ја исправи, тогаш можеби само го интересира темата на разговор, но не и вие.
Исправено држење
Ако мажот кои стои до вас, го исправи грбот, рашири рамената и ги држи рацете на половина, тогаш тој сака да изгледа помажествено, посилно и поубаво пред вас.
Ја поправа фризурата
Ако мажот забележи девојка која му е привлечна тој прво што ќе направи и коригирање на фризурата. Тоа значи дека сака да изгледа добро, обидувајќи се да си ја зголеми самодовербата.
Се смее додека зборувате
Прво, инстинктивно се насмевнуваме кога ќе погледнеме некој кој ни е пријатен, а второ, насмевката го прави човекот попривлечен.
Ако тој постојано се смешка додека седите и разговарате, тогаш има некакви чувства.
Но, вреди да знаете да разликувате искрена од лажна насмевка – кога се гледаат само горните заби, можно е да се работи за вештачка насмевка, бидејќи со искреното смеење, целото лице блеска и се смее.
Го допира неговото лице
Кога мажот сака да ве допре за лице, врат или усни, а не може да го направи тоа, почнува да го прави тоа на себе. Ова се случува несвесно за време на разговор лице-во-лице.
Сепак, треба да се разликува дали ова е знак или лоша навика – ако постојано го прави тоа во различни ситуации и разговори, тогаш веројатно е само навика.
Ги крева веѓите
Можеби звучи чудно, но поткревањето на веѓите не секогаш значи покажување на изненадување. Понекогаш ова мажите го прават несвесно и ги подотвораат очите, бидејќи им се допаѓа тоа што го гледаат–вие. Ако нежно ги поткрене веѓите додека му зборувате нешто, тогаш е заинтересиран за вас.
Заинтересиран за ваше хоби
Ако мажот се интересира за вашите хобија, тогаш ова е јасен знак на симпатија.
Ако ги делите интересите и наоѓате заеднички јазик за искористување на слободното време, а тој е подготвен да дојде на секој настан кој вам ви се допаѓа, тој е подготвен на сè за вас.
Се обидува да ве допре
Ако тој се обиде да ве допре, но не нападно, туку на пример, за да ви тргне трепка од лицето, или да ви ја поправи косата ако некој прамен ви штрчи, значи дека тој сака да види како реагирате на неговиот допир.
Но бидете внимателни, ако тој се обидува да ве допира во секоја ситуација, значи дека е заинтересиран само за интимен однос.
Не обрнува внимание на телефонот
Кога на мажите некоја девојка многу им се допаѓа, тие додека разговараат со неа, нема да сакаат ништо да ги попречува, па дури се подготвени да не го погледнат телефонот за цело тоа време.
Ако тој го направи ова за вас, значи дека навистина ужива во времето поминато со вас и не сака да се посвети на ништо друго во моментот.
Вкрстени или малку раширени нозе при седење
Доколку сексуално го привлекувате мажот, тој несвесно може да ги свитка нозете и малку да ги рашири додека седи. Оваа поза е јасен сигнал на покажување сила, односно мажественост.
Истото важи и кога нозете се малку вкрстени кај зглобовите.
М. М. | Црнобело