Начинот на седење, гестикулации: Знаци кои покажуваат дека таа е „луда по вас“

Понекогаш жените може да бидат неразбирливи во очите на мажите.

nachinot-na-sedenje-gestikulacii-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-taa-e-luda-po-vas-01.jpg

Многу често за нив „да“ значи „не“ и обратно, но сепак и без многу зборување, тие успеваат некако да го освојат машкото срце.

Мажите понекогаш не се свесни дека жената флертува со нив, бидејќи не ги сфаќаат нивните индиректни знаци.

За да ги сфатите во целост, треба да обрнете повеќе внимание на невербалните знаци кои ги издаваат намерите на жените.

Па мажи, погледнете кои се знаците кои со сигурност ќе ви покажат дека девојката со која се гледате или разговарате е луда по вас:

Кога ќе ја погледнете, зениците ѝ се шират

Контактот со очи влијае на лачењето окситоцин. Овој хормон ни помага да се чувствуваме поприврзано со некоја личност. Затоа, несвесно луѓето се обидуваат да остварат контакт со очи со луѓето на кои сакаат да им се доближат.

Ако ви се сретнат погледите и таа засрамено го врти погледот на страна – ѝ се допаѓате. Ниту една девојка нема да биде засрамена од контактот со личност за која не е заинтересирана.

Нејзините зеници се шират кога зборува со вас, иако е тешко забележливо.

nachinot-na-sedenje-gestikulacii-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-taa-e-luda-po-vas-02.jpg

Начинот на кој ги држи нозете

Испружените носе и прекрстените зглобови се знак на недоверба, па дури и презир. Кога девојката се чувствува пријатно и е заинтересирана, нејзините зглобови нема да се преклопуваат.

Ако стапалата и се оддалечени, тогаш обрнете внимание на нив. Ако се насочени кон вас, тогаш најверојатно ѝ се допаѓате и сака да ве запознае подобро.

nachinot-na-sedenje-gestikulacii-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-taa-e-luda-po-vas-03.jpg

Сака да ви се приближи

Оддалеченоста помеѓу двајца луѓе може да значи многу:

Ако ѝ се допаѓате, таа ќе се обидува да седи поблиску до вас, дури и ако се срами.

Ако сакате да проверите со 100% загарантираност дали ѝ се допаѓате, нападнете ја нејзината комфор зона (50 cm оддалеченост од лицето). Ако се помрдне, тоа е лош знак, а ако остане во исто место и толку голема близина до вас, тогаш ѝ се допаѓате.

nachinot-na-sedenje-gestikulacii-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-taa-e-luda-po-vas-04.jpg

Седи со исправен грб и истакнати гради

За да ве импресионира и да ви го привлече вниманието кон „важните“ делови, таа ќе седи со исправен грб, а градите ќе ги стави во преден план, секако, стомакот ќе биде вовлечен. И верувајте, ова не може да не го забележите.

nachinot-na-sedenje-gestikulacii-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-taa-e-luda-po-vas-05.jpg

Имитирање на став и гестикулации

Гледајте внимателно дали девојката се обидува да ги копира вашите пози, гестикулации и „фаци“.

Имитирањето се случува несвесно, а значи дека се обидува да ве разбере подобро и да најде нешто заедничко.

nachinot-na-sedenje-gestikulacii-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-taa-e-luda-po-vas-06.jpg

Нишање на чевлите

Нишкањето на чевлите на прсти е знак на ослободување и релаксација. Таа го прави ова кога се чувствува удобно и се обидува да флертува.

И повторно, запомнете дека насоката на нејзините прсти и чевли покажуваат кон тоа што ѝ се допаѓа.

nachinot-na-sedenje-gestikulacii-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-taa-e-luda-po-vas-07.jpg

Одвреме-навреме ја мести косата или облеката

Ако девојката во ваше присуство постојано си ја мести фризурата, облеката или накитот, тогаш таа е малку нервозна.

Но, овие движења и даваат самодоверба и така е сигурна дека изгледа добро.

nachinot-na-sedenje-gestikulacii-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-taa-e-luda-po-vas-08.jpg

Ги допира усните

Кога девојката ги допира нејзините усни, тоа значи дека е заинтересирана за вас. Ова е класичен знак кој често може да се забележи и во филмовите.

Но, бидете внимателни – ако тоа се случува на неколку минути, тогаш тоа можеби е само лоша навика, а не знак.

nachinot-na-sedenje-gestikulacii-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-taa-e-luda-po-vas-09.jpg

Често се гледа во огледало

На секоја девојка ѝ е важно да изгледа совршено. Посебно кога до неа седи некој кој ѝ се допаѓа.

Ако таа се гледа во огледало многу често, значи се грижи и труди нејзиниот изглед да биде постојано добар.

nachinot-na-sedenje-gestikulacii-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-taa-e-luda-po-vas-10.jpg

Држењето на рацете

Затворени и прекрстени раце не секогаш значи одбивање. Можеби девојката само се срами и не е подготвена да се отвори. Бидете трпеливи и видете дали нешто ќе се смени.

А, ако рацете и се исправени–тогаш тоа со сигурност е зелено светло.

nachinot-na-sedenje-gestikulacii-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-taa-e-luda-po-vas-11.jpg

Си игра со прамени од косата

Кога девојката се срами или флертува, таа постојано ја допира косата и си игра со неа. Секако, ова важи за девојките со долга коса.

nachinot-na-sedenje-gestikulacii-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-taa-e-luda-po-vas-12.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg