Пријателскиот однос со поранешниот партнер може да биде знак на психопатија
Дали се чудите како пар по сите споделени емоции и сексуална страст може да биде во пријателски односи или тоа ви е сосема нормална појава?
Ако вашата втора половина сака да стави крај на врската со „се надевам ќе останеме пријатели“, кажете му дека вие не се надевате на тоа.
Според едно ново истражување објавено во магазинот Personality and Individual Differences, останувањето во пријателски односи со поранешниот партнер не е знак на зрелост, како што многумина мислат, туку можен знак за нешто многу помрачно.
Истражувањето посочува дека ова однесување може да биде знак дури и за психопатија. Истражувачите тестирале 861 индивидуа преку прашања за нивната моментална врска, како и за тоа дали се пријатели со поранешните партнери, а потоа им бил даден прашалник кој ги испитувал нивните психопатски и нарцисоидни карактеристики.
Според резултатите кај тие кои имаат помрачна личност, со карактеристики слични на оние на психопатите, шансата да останат пријатели со поранешните била поголема.
Наводно, психопатите ги сакаат своите поранешни блиску до себе за да имаат можност да ги искористат за секс, пари или информации. Тие применуваат лажен шарм и стратегиски ја продолжуваат поврзаноста со поранешните за да имаат придобивки.
Психопатија, вид антисоцијалното растројство на личноста, е психолошки термин кој често се користи за личности со особини како нарцизам, садизам, себичност, недостаток на емпатија и површен шарм.
Сепак, истражувачите предупредуваат дека ова по автоматизам не значи дека сите поранешни партнери што останале во пријателски односи се психопати. Некогаш тоа може да се случи и од нормални и алтруистички причини.
С. С. | Црнобело