13 работи кои влијаат на привлечноста на жените во очите на мажот
Желбата да се задоволи и привлече спротивниот пол е сосема нормална, па девојките честопати разговараат на темата што сакаат мажите кај нив.
Први на листата се најчесто физичките карактеристики, како згодно тело и атрубити, но девојките се лажат со овие претпоставки.
И мажите сакаат девојки кои имаат посебни квалитети за кои вреди да се борат и да го поминат животот со нив, а сѐ останато е само минливо.
Па, доколку сакате да знаете кои се работите на кои мажите „паѓаат“, прочитајте во продолжение:
Љубезност
Мажите секогаш ги забележуваат добрите дела, посебно кај девојките за кои мислат дека можат да бидат „материјал за сериозна врска“, а ова е потврдено од научници.
Природно однесување во непријатни ситуации
Постојано се потврдува фактот дека мажите ги привлекува природност, како во однесување, така и во изгледот. Но, исто така им е важно и како тие ќе реагираат на непредвидливи ситуации.
Ако девојката пријатно и слатко си ја признае грешката, наместо да се лути и правда, тогаш со сигурност ќе го привлече мажот со оваа карактеристика.
Нокти
Многу девојки мислат дека никој не гледа во нивните нокти, посебно не мажите, но, верувале или не, изгледот на вашите раце (форма на нокти и боја) е индикатор кој им дава до знаење на мажите колку девојката се грижи за својот изглед.
Емоционална состојба
Според мажите, една од најнеубавите карактеристики кај девојките е негативниот став за светот и животот. Мажите ги забележуваат проблемите во вашиот живот – работа која не ја сакате, кавги со родители, патење за неостварени соништа.
Но, мажите сакаат да бидат со позитивна девојка која ќе ги шармира и ќе знае како да ужива во животот.
Финансиска состојба
Темата е малку чувствителна но реална. Мажите не сакаат жени кои немаат финансиска независност и чекаат на мажот за сѐ. Тие не сакаат жени со добра финансиска состојба за да ги искористат, туку за двајцата да бидете независни и способни за носење свои одлуки.
Ценење на себеси
Мажите сакаат да им даваат комплименти на жените кои го заслужуваат тоа, но мразат кога тие не го прифаќаат тоа и треба да ги убедуваат во нивната убавина која самите ја негираат.
Тие обожаваат кога жената се цени и верува во себе, а тоа ја прави привлечна во неговите очи.
Став кон други девојки
Ако направите „лоша гримаса“ кога ќе помине покрај вас убава девојка или коментирате лошо за онаа која не ви се допаѓа, мажите ќе го забележат тоа и ќе им пречи, бидејќи ќе им дадете до знаење дека имате некакви комплекси и недоволно зрел карактер.
Стил
Мажите можеби не ги разбираат сите најнови модни трендови, но тоа не значи дека не им е важно како девојката се облекува. Стилот може да биде важен фактор, бидејќи според тоа мажите добиваат некоја замисла за тоа каква е девојката.
Чевли
Иако можеби никогаш не сте помислиле на ова, мажите многу обрнуваат внимание и на чевлите. Не, не ги интересира дали се дизајнерски, скапи или евтини, едноставно, им е важно да изгледате дека ви е удобно во нив. Доколку носите високи штикли во кои едвај одите, со сигурност нема да им бидете привлечни.
Број на пријатели
За мажите, важно е девојката да има свој живот и вистински пријатели со кои поминува низ сѐ, бидејќи така знае дека имате на кого да се обратите, дека сте добра личност која другите ја ценат и дека не мора тој да биде со вас постојано бидејќи вие немате со кого.
Не ги привлекуваат девојки без пријатели (бидејќи во тој случај има причина зошто е тоа така), но не сакаат ни девојки со премногу пријатели или константно менување на друштва.
Насмевка
Покрај сѐ останато, девојка која знае да ги покаже емоциите и од срце да се насмее и да шармира со искрена насмевка, секогаш има посебно влијание врз мажот.
Смисла за хумор
Во листата на карактеристики за идеална девојка, секогаш може да се најде и смислата за хумор. Истражувањата потврдуваат дека девојките кои се шегуваат и ги разбираат шегите, се многу попривлечни од оние кои ги немаат овие квалитети.
Амбиции
Живееме во многу динамичен свет и веројатно без желби, цели и амбиции, тешко кој ќе успее. Па, истото го мислат и мажите кога станува збор за жените и сакаат кога тие се амбициозни, посветени на постигнување резултати, цели и остваруваат соништа. Пасивноста и мрзливоста никому не е атрактивна.
М. М. | Црнобело