По вкус на девојките: Кои се најсекси делови од машкото тело?
Доколку мислевте дека стомачните мускули заземаат прво место на женската топ листа, тогаш не сте во право.
Постојат машки потези кои на жените им се поважни од мускулестото тело. А, кога љубовта ќе стапи на сцената, сите останати нешта паѓаат во нејзина сенка. Меѓутоа, не се и невидливи!
Според неодамна спроведено истражување, постојат одредени физички адути на мажите, кои се особено привлечни за припадничките на понежниот пол.
Притоа, од анкетата се изоставени маркантните црти на лицето, како очите или насмевката, а акцентот е ставен исклучиво на мажественото торзо. Женските испитанички го дадоа гласот, по што се искристализираа петте фаворити на мнозинството од нив.
Па, кои делови од машкото тело им се најсекси на жените? Еве што одбраа тие:
1. Раменици и грб
- Широките рамена и цврстиот грб е невозможно да не ги забележат женските очи.
2. Дланки
- Машките дланки мора да бидат крупни и по малку груби, а никако понежни од тие на дамите.
3. Задник
- Ниту преголем, ниту премал. Златната средина заслужува чиста петка.
4. Раце
- Долгите и силни машки раце се вистински магнет за жените.
5. V-линии
- Делот кој се наѕира од костимот за капење или боксерките, а се спушта од стомакот кон колковите. Дефинитивно – да.
Кои се вашите лични фаворити?
М. А. | Црнобело