Не е сѐ до изгледот: 20 машки потези кои на жените им се поважни од мускулестото тело
Згодните фраери несомнено ќе им го украдат вниманието на мнозинството дами. Меѓутоа, за да го задржат подолго време, сепак е потребно да поседуваат многу повеќе квалитети.
Изгледот е важен, но карактерот сепак има пресудна улога.
Ова го потврдува и истражувањето спроведено на 2000 испитаници ширум светот, откривајќи кои се атрибутите на посилниот пол, што неповратно ги освојуваат женските срца.
Дваесетте машки потези кои на жените им се поважни од мускулестото тело, прочитајте ги во продолжение:
1. Кон сите се однесува со почитување, без оглед на тоа дали се работи за луѓе што ги познава или за случајни минувачи.
2. Помага во домаќинските работи. Не ги дели на машки или женски обврски, туку без проблем ќе се нафати да ги измие садовите, да ја исчисти прашината и да ја нареди облеката.
3. Наместо да праќа СМС порака, попрво ќе се јави. Попријатно му е да ѝ го слушне гласот на партнерката, одошто да пишува по екранот на мобилниот телефон.
4. Не се плаши да покаже нежност во јавност, дури ни кога е опкружен со голем број на луѓе.
5. Секогаш ја отвара вратата и го држи палтото. Дури и најголемите феминистки ќе признаат дека тоа е само израз на пристојност и добро воспитание, а не стереотипeн гест кој ја става жената во подредена положба.
6. Ќе заигра дури и ако не сака или не знае да танцува. Нема да го одбие тангото на свадбата кај заедничките пријатели, наспроти тоа што можеби не е некоја ѕвезда на танцувачкиот подиум. Важно му е да ја усреќи партнерката.
7. Ќе ѝ приреди мало изненадување без посебен повод. Порака на фрижидерот, омиленoто чоколадо на перница, масажа на стапалата после работа...
8. Го интересираат хобијата на партнерката. Не ги игнорира нејзините интереси, туку сака да знае повеќе и да учествува во нив.
9. Ќе ѝ зготви вечера. Можеби не се разбира во комплицираните кулинарски техники, ама има волја да ѝ приготви нешто на својата сакана, па макар тоа било и наједноставното можно јадење.
10. Се држи до своите ветувања. Неговиот збор е закон и никогаш нема да го прекрши даденото ветување.
11. Поминува време со нејзините пријателки. Не го избегнува женското друштво и со драга волја ќе се придружи на собиранката на која е поканет.
12. Внимателно ги слуша нејзините проблеми. Не е отсутен кога партнерката сака да му довери некој проблем, туку ја сослушува и ѝ дава совет.
13. Не се срами од сопствените емоции. Повеќето мажи не сакаат да се откажат од својот мачо имиџ, но најголемите фраери знаат дека со покажување на ранливоста нема да ја истераат жената, туку во нејзе ќе создадат чувство на доверба.
14. Спремен е на компромис. Можеби не се сложува со сите одлуки и потези на партнерката, но ја сфаќа важноста на компромисот во врската, па ќе се обиде да пронајде решение кое ќе ги задоволи двете страни.
15. Ги поддржува нејзините цели. Не се потсмева на амбициите и соништата на својата партнерка, туку ѝ е најголема потпора.
16. Знае да се грижи сам за себе. Нема ништо посексапилно од маж кој совршено се снаоѓа кога е сам дома, односно може да држи сѐ под контрола.
17. Искрено ќе ви признае што му пречи во врската. Нема тоа да го задржува во себе, туку ќе реагира навреме, бидејќи сака да бидете среќни и задоволни.
18. Нема беспотребно да ги спомнува бившите девојки. Кога тема на муабет се минатите врски, тогаш отворено ќе зборува за нив. Меѓутоа, не му паѓа на памет постојано да ги споменува или да ја споредува сегашната со поранешните девојки.
19. Ќе ја запознае партнерката со своите пријатели. Важно му е таа да стане дел од неговото друштво.
20. Во интимните моменти ѝ дава предност на партнерката. Внимава на нејзините желби и потреби, што е едно од најважните правила во сексуалната игра.
М. А. | Црнобело