Ќе дојде ли сè на свое место?

Нели е иронично, да следам одредена патека, а излегува дека секогаш ја следам онаа погрешната. Среќата како постојано да се наоѓа на паралелната патека, онаа на која не се наоѓам јас. Си помислувам зарем повторно тргнав погрешно?

ke-dojde-li-se-na-svoe-mesto-001.jpg

Ова чудно патешествие кое го нарекуваме живот, имаше денови исполнети со тишина и денови поминати во галама. Подеми и падови, како еден лифт кој оди непрестајно горе, долу, без да застане некаде. Ќе го најдам ли вистинскиот спрат кој води кон мојот дом?

Ќе ја дочекам ли жетвата и дали животот ќе ми ги даде вистинските карти за да ја одиграм мојата партија и конечно да го добијам она што го заслужувам. Ќе успеам ли да ги најдам правилните потези за да не падне мојата „Јенга” кула?  

Додека сите се обидуваат да бидат лансирани ракети, јас сум задоцнет воз, или барем така ми изгледа, зошто некако како коцките да се местат кај останатите, а кај мене постојано се растураат. Си велам, ќе дојде ли сè на свое место?

Сè е конфузно и го мати разумот, сите тие мисли, сите тие чувства, кои колку и да сакам не можам да ги фрлам во заборав и одново, со секој нов ден започнува нова борба. Дали ќе успеам?

Надвор е ладно и зимскиот ветар ми ја штипе душата, додека ги гледам твоите црни чизми како заминуваат во неповрат, ми доаѓа да извикам, да речам не оди. Нешто ме тера однатре, да те прегрнам, да не дозволам тага на твоето лице и болка во твојата душа. Да бидам твојата безбедносна мрежа кога животот ќе проба да те сопне. Но, што имам јас за да те задржам?

Трошка искреност и оваа поматеност во разумот која што е правилна исто толку колку што е погрешна уште при нејзиното создавање. Кој дефинираше што е правилно, а што не?

Како човек да ги управува чувствата, постои ли таква опција во описот на нашето постоење?

Треба да живееш сега и да го правиш она што сакаш да го правиш или требаше да се водиш по правилата на општеството и она што го налагаа другите. Да им удоволиш на сите, а да бидеш несреќен?

Го гледам твојот грб во далечината како исчезнува проголтан од темнината и си мислам во главата, кога една врата ќе се затвори, можеби ќе се отвори нова. Ризикот не секогаш значи добивка, но на крајот се ќе биде како што треба. Барем се надевам.

Дали луѓето ги ценеа искрените зборови или тие беа пречка за едно нормално постоење?

Немаше одговор од темнината. Посакував да се свртиш, да се вратиш, нешто како филмска сцена, да изговориш зборови коишто ќе ми ја стоплат душата. Чекав долго, никој не дојде од далечината, само тишината. Таквите сцени ретко се случуваат, но сепак постојат ако го имаш вистинскиот човек крај себе.

Како да знаеш дали си го оттурнал вистинскиот човек од себе?

Како да знаеш дека не си задржал погрешен човек крај себе?

Постоеше ли правило кое правеше дистинкција помеѓу љубов и пријателство. Или секоја врска беше пријателство кое несвесно сраснало во нешто убаво. Како да го изместиш фокусот, постоеше ли такво гледање на луѓето, пријатели-љубовници или тоа беше психолошка состојба на мозокот.

Ставив насмевка на моето лице, фиксна, како секогаш, малку лажна, малку форсирана од надежта дека утре ќе биде подобро. Што ако не биде?

Запалив цигара и јас исчезнав во ноќта, на сосема спротивна страна, онаа којашто ти не ја одбра. По која линија одеше среќата овојпат?

Ќе се сретнеме ли некогаш под други услови, со различни прашања и одговори, ќе бидеме ли способни да се погледнеме во очи, да се судриме како две планети од коишто ќе настане голема експлозија?

На тоа прашање немаше одговор, животот е непредвидлив, па којзнае...

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg